top of page

Доаѓаат Оскарите: Номинираната музика



Бијонсе ќе настапи на 94-тото издание на Оскарите. Според соопштението за печатот, Беј ќе ја има својата изведба на сцената на овогодинешната церемонија и ќе ја изведе нејзината песна „Be Alive“ , која е номинирана за „Најдобра оригинална песна“ благодарение на сорабоката во филмот за сестрите Вилијамс, Кралот Ричард.


Првично имаше гласини дека ќе настапува од населбата Комптон, на тенискиот терен каде што Винус и Серена Вилијамс ги остреле забите во спортот во кој подоцна брилјираа.


Сепак, ѕвездата нема да биде единственото големо име што ќе се појави на доделувањето на наградите, и ќе настапува заедно со колегите номинирани во категоријата, Били Ајлиш и Финеас, кои ја напишаа “No Time To Die” за последниот истоимен Џејмс Бонд филм. Дополнително, Реба Мекентајр и Себастијан Јатра се најавени да ги испеат нивните песни „Somehow You Do“ од Four Good Days и „Dos Oruguitas“ од Encanto. Еве ги номинираните песни:


Be Alive. за King Richard; Музика и текст: DIXSON и Beyoncé Knowles-Carter.


Dos Oruguitas. за Encanto; Музика и текст : Lin-Manuel Miranda.



No Time To Die за No Time to Die; Музика и текст: Billie Eilish и Finneas O'Connell.



Somehow You Do за “Four Good Days” Музика и текст: Diane Warren



  • Down To Joy за Belfast; Музика и текст: Van Morrison.



Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page