top of page

Дива појачало: Martix со ново ЕП „Буден сонувам“



пар слуша музика на слушалици
Мартикс има ново ЕП насловено Буден сонувам


Креативните патешествија се често непредвидливи, уметничките хагиографии далеку од стандардизирани... потенцијалот на еден уметник веќе во своите први потези може да биде актуелизиран, или тој потенцијал да прејде во својата активна фаза после цел еден живот на изострување, вежбање и работа... Сепак возможно да се насетат контурите и рутата на движење на совремеите уметници: кога е најверојатно да го очекуваме моментот кога свежината, енергијата, пораката и важноста на приказната која ја раскажуваат и техниките и решенијата кои се користат во вообличувањето, но од друга страна и зрелост која ќе понуди автентична и интимна врска со која публиката (во случајов) ќе се препознае може да состави мапа која може да помогне во предвидувањето на позициите на уметникот во хаотичен свет кој се обидува да го осмисли и со тоа да го скрои и скроти хаосот.





И покрај тоа што знаеме дека „на се́ што можеме да помислиме е вистина“ - сепак е изненадување кога налетуваме на зрел и оформен уметник - толку рано во неговата кариера.


Мартикс во своето ново ЕП „Буден сонувам“ ни нуди четири песни на раперска интроспекција, со рими кои не се очигледни, и стихови кои во многу тоа излегуваат од клишеата на овој жанр - но доаѓаат од активен однос со книжевноста.








Целото ЕП можете да го чуете на Spotify, Youtube i bandCamp.

Comentarios


bottom of page