top of page

Данскиот суд му нареди на уметникот Јенс Ханинг да врати пари за делото „Грабни ги парите и бегај“



Уметник од Данска кому музеј во северна Данска му дал замашна сума на пари за да приложи дела за својата изложба на тема на работните услови, пред две години испрати две празни платна - со наслов „Земи ги парите и бегај“. Изложбата предизвика неверица.

Данскиот суд минатата недела пресуди дека Јенс Ханинг (Jens Haaning) мора да му врати 492.549 круни (4,065,390.80 денари / 66,148.03 евра) на музејот Кунстен во Алборг поради прекршување на неговиот договор. Неговиот адвокат, Питер Шонинг, во средата рече дека современиот уметник се жали на пресудата и одби да даде дополнителни коментари.

Музејот му порача на Хаанинг во 2021 година да рекреира две од неговите претходни дела со банкноти прикачени на платна што ја претставуваат просечната годишна плата во Данска и Австрија.

Наместо тоа, тој поднесе две празни платна за изложбата, насловена „Work It Out“, рече дека уметничкото дело ја претставува неговата моментална работна ситуација и ги задржа парите.


„Уметничкото дело е тоа што ги земав парите“, рече Ханинг во радио емисија на каналот P1 што е дел од данскиот радиодифузер DR оваа недела. Тој одби да каже каде се парите.

Ханинг, кој е познат како провокатор, рече дека уметничкото дело ја претставува неговата моментална работна ситуација.

„Ги охрабрувам другите кои имаат исто толку мизерни услови за работа како мене да го сторат истото“, изјави Ханинг за P1. „Ако од нив се бара да дадат пари за да одат на работа, тогаш земете ги парите и бегајте“.



Заедно со тоа што му ги дал парите во евра и банкноти во круни за уметничките дела, музејот му платил и 25.000 круни (3.900 долари) за неговиот труд во создавањето на уметничкото дело.

Во својата пресуда од 18 септември, Окружниот суд во Копенхаген, исто така, одлучи дека Ханинг може да задржи 40.000 круни (3690.98 евра) од оригиналната сума што му ја дал музејот, што треба да претставува такса за уметник бидејќи изложбата која беше изложена од 24 септември до 16 јануари 2022 година, продолжи со празни рамки.

Судот рече дека во договорот меѓу музејот и Ханинг било наведено дека готовината - банкнотите дадени на Ханинг - ќе бидат достапни за време на привременото изложување на делата и дека потоа ќе бидат вратени.

Кога Ханинг одби да ги врати парите по завршувањето на изложбата, музејот презеде правна постапка.

Хаанинг негираше дека сторил кривично дело и инсистира дека направил уметничко дело.


Но иако светските медиуми ја пренесоа оваа вест, како случај во кој претенциозен музеј - кој поради таа претенциозност се става во ситуација како онаа од приказната „Царевото ново руво“ -а Ханинг како итар натрапник кој ја искористил ситуацијата, сепак станува збор за уметник со портфолио од три децении, уметник кој ја користи својата уметност за активизам.


„ Во мојот живот сум бил преокупиран со 3 различни главни интереси: 1. егзистенцијални прашања 2. културни, политички и општествени прашања и 3. задоволството на создавање и правење нешта. Пред да почнам да се занимавам со уметност, доста често менував полиња. Бев чирак ѕидар, бев вклучен во политички активности, работев во градинка и читав психологија, филозофија и историја. Мојата свест за уметноста започна во период кога бев преокупиран со лични егзистенцијални прашања. Татко ми почина во 1987 година и кратко потоа,почнав да се занимавам со уметност и да студирам на уметничката академија во Копенхаген. Уметничкото поле беше првата област каде што можев да ги искомбинирам и да ги работам сите од моите три интереси истовремено. Моите уметнички практики главно се перципираат и гледаат како справување со културни, социјални и политички импликации, бидејќи на овие теми во моментов доста се дебатира во медиумите, општеството и во уметничкото поле, но мислам и дека може да се гледа како на егзистенцијална практика со голем интерес за психологијата.

Не можам да се помирам со тоа што во уметничката фела во Западна Европа - каде што живеам и ги правам повеќето мои проекти - доминира Белата култура од високата класа за богати луѓе кои меѓу другото го потврдуваат верувањето дека Белата западна култура владее со светот. Еден од квалитетите на уметичкиот свет што ме тера да останам, е фактот дека сум добредојден да „зборувам“ иако јас не доаѓамј со решенија туку главно поставувам прашања на темите за кои сум

заинтересиран. Уметноста е една од културните структури каде што преиспитувањето и критиките се добредојдени. Дури и прашања и критики кон самата област.“



Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page