top of page

Дали сакате да имате свој поткаст?

Доколку, слушајќи поткасти, посакувате и вие да бидете водител на поткаст, каде ќе може да ги кажете своите мисли, или да го изразите креативниот импулс - но ви изгледа премногу комплицирано и недостижно, имаме идеја како можете да се опробате: КСП-Јадро, во тековниот„Arts Hub“ проект, нуди шанса за тоа.



„Секој(а) што сака да го пренесе своето знаење, страста за своето хоби, алармот за одредени состојби и критика на делата од омилените автор(к)и, е добредојден(а) да се пријави на нашиот повик! “


Темите од кои можете да бирате се: Екологија и заштита на животна средина, ментално здравје, јавни простори и архитектура,критика или анализа на современи дела од областа на културата. Една епизода би требало да биде најмалку 30 минути, а серијалот ќе биде заокружен во четири епизоди. Но, ќе имате и помош во реализација на поткастот, со професионални консултации, и тренинг, со што ќе ве стави во позиција во иднина да можете и самостојно да работите на поткаст.


„KСП Центар Јадро ќе обезбеди техничка опрема и простор при снимањето, менторство и помош во осмислувањето на разговорот, промовирање на епизодите на нашите социјални мрежи и краток курс од 5 часови за снимање и постпродукција на поткаст кој ќе го одржи Младен Павлески од BPM Streaming.


Младен Павлески моментално работи на поткасти со IRL Macedonia, Институт за комуникациски студии, Tomas performance podcast, Bajkerot i Crossfiterot, Coach Josif и Mamastefit Podcasts.


Вашата обврска ќе биде да ја спремате содржината на поткастот, контакт со евентуални гости и водење на поткастот. Поткастот може да го водите во тандем со уште една личност. Поткастот треба да трае минимум 30 минути.“


Што е потребно за апликација на проектот?


За пријавување потребно е да ни испратите мејл на centar.jadro@gmail co назнака „Поткаст на Центар-Јадро“ во кој ќе наведете:

  • концепт за поткастот (до пола страница);

  • ваше кратко био;

  • претходно искуство со овој или сличен медиум;

  • дали ќе имате гости на поткастот и кои би биле тие;

  • колку епизоди планирате (минимум две, максимум четири, со можност за продолжување доколку има ентузијазам од страна на автор(к)ите);

  • дали ќе водите соло или со уште некој(а).


Краен рок за испраќање на апликациите е 19 март, недела, 2023 година.



Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page