top of page

Да Џака Накот со три нови траки не́ потсетува зошто е рап великан

Потоп е старо-нова трака, оригинално направена во 2022, иако е во самиот основен код на рапот бравадото, воинствениот крик со удар во гради, некогаш во сник дисови - но никогаш во македонскиот рап. Се чини домашните рапери дека комуницираат во стихови со голема доза на анимозитет. Ние уживаме и чекаме да видиме дали можеби ќе ја имаме првата реална рап битка , можеби интрагенерациска, или од принцип - се чини дека ги има сите услови да се случи ако се суди по стиховите. Можеби е само wishfull thinking, кој знае:



ОКО, минијатура, направена во Англија, во еден обид, звучи исклучително современо, свежо, иако вели „жанрови нема“




ОД-ДО ја спушта топката, но принципот на минимализам од-до, каде спротивставува поларитети „од финти до фори, од тлее до гори, од Киро до Борис, од СРМ до СРМ, од полиција до МВР“ - е исклучително тешка форма да се создадат ефектни рими и покажува Џака - уште еднаш - зошто неговата победничка нота, која ја удира со децении, не е само должност која ја исполнува кон хип-хопот: туку е сосема заслужена, а тоа е реткост:




Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page