top of page

Велес ги отвора вратите за таленти од целиот свет: Објавен меѓународен конкурс за стрип




Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес кој полека но сигурно си го враќа духот на кул, културен, прогресивен град - го објави почетокот на традиционалниот Меѓународен Конкурс за Стрип, кој претставува дел од активностите на 21-от Меѓународен стрип салон "Велес 2024". Овој настан е еден од најзначајните стрип манифестации во државата и е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Велес.

Пропозиции и услови за учесниците


Според пропозициите, должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли во А4 формат со минимална резолуција од 300 dpi, ако се испраќа по електронски пат. Доколку стрипот е на една страна, треба да содржи најмалку 5 сликички. Тема на стрипот е слободна, а секој автор може да учествува со само еден стрип освен сценаристите, кои може да направат сценарија за повеќе стрипови.


Повеќе автори може да соработуваат на еден стрип, при што треба да се наведе кој што направил: сценарио, молив или туш. Заедно со стрипот, авторите треба да испратат лична биографија која вклучува име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса, држава, е-маил и година кога е стрипот нацртан. Сите стрипови треба да бидат јасно обележани со имињата на авторите и називот на стрипот.



Награди и признанија


Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија која ќе ги предложи следните награди:

- Прва награда: 300 ЕУР, "Златен стрип", изданија и диплома за прво место.

- Втора награда: "Сребрен стрип" и диплома за второ место.

- Трета награда: "Бронзен стрип" и диплома за трето место.

- Награда за најдобро сценарио: диплома.

- Награда за најдобар млад автор до 18 години: диплома.

- Други специјални награди.


Сите пристигнати стрипови ќе бидат изложени на изложбата на Стрип Салон Велес 2024 и ќе имаат реална можност за друг вид на промоција.



Праќање на стриповите


Стрипаџиите можат да ги испратат своите стрипови до 1-ви август 2024 година на:


- Адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот), Ул. Васил Ѓоргов, бр.78, 1400 Велес, Република Северна Македонија (пожелно преку Eco Logistic).


За повеќе информации, заинтересираните можат да се јават на горенаведениот е-маил или на телефонскиот број +38978867327.


Со овој конкурс, Велес ја зацврстува својата позиција како културен епицентар за стрип уметноста во Македонија и го поттикнува учеството на таленти од целиот свет, создавајќи плодна средина за размена на идеи и креативност.

Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page