top of page

Вечер посветена на Влада Дивљан – Премиера на „Збогум младост моја“ во Салон 19:19

На 21 октомври, во 20 часот, Салон 19:19 ќе биде домаќин на посебен музички настан – промоцијата на новата песна „Збогум младост моја“, дело на Александар Прокопиев. Посветена на Влада Дивљан, фронтменот на култната група „Идоли“, оваа песна претставува оживување на едно долго пријателство и музичка соработка што започнала пред неколку децении во Белград.



„Збогум младост моја“ – едно долго заборавено ремек-дело


Песната „Збогум младост моја“ била создадена во осумдесеттите години, кога Прокопиев и Дивљан често свиреле заедно во белградската фаза на Влада. Првично изведувана на неколку живи свирки во тоа време, песната никогаш не била официјално снимана или издадена. Сега, четири децении подоцна, таа повторно оживува со македонски текст и во нов аранжман, снимен во Битола и студиото „Алшар“ во Скопје.

Изведбата на песната ќе биде во рацете на тројца македонски уметници – Бранислав Николов, вокалист на „Пијан Славеј“, Гоце Јованоски и самиот Прокопиев, кој е автор на текстот и композицијата. Настанот ќе се одвива како мини-концерт, каде што, покрај „Збогум младост моја“, ќе бидат изведени и неколку песни од албумот „Пијан Славеј“ и од проектот „Реобмислување“.

Музичко наследство на едно долго пријателство



„Нашето пријателство започна во Белград во седумдесеттите години, кога Влада веќе почна да свири гитара“, се сеќава Прокопиев. „Во 1972 година јас бев студент на компаратива и живеев како потстанар кај семејството Галиќ. За среќа, освен што беа прекрасни луѓе, со кои убаво се сложував, имаа многу добро пијано. Во тоа време јас необврзано настапував со некои белградски групи, и често на пијаното, на задоволство на домаќините, музицирав. Синот на Галиќи се викаше Владо, и беше најдобар гимназиски другар со Влада Дивљан. И нормално, дојдоа таму, Влада веќе свиреше гитара, и така почна нашето долготрајно пријателство. Веќе во јануари 1973 година формиравме група која се викаше Мерлин. И така почна една многу долготрајна музичко другарска авантура, кога името на составот се менуваше: почнавме како „Мерлин“, па „Звук улице“, и станавме прилично познати во Белград. Правевме интересни текстови и композиции, но некаде кон крајот на 1979 година јас продолжив со мојата книжевност а тие станаа многу познати како „Идоли“.
Се сетив на една моја композиција која Влада многу ја сакаше и сакаше да ја снимиме во тие наши последни разговори, но остана како идеја. Кога дојдов дома видов дека таа композиција многу лесно ми легна. Со извонредниот глас на Бранислав Николов, таа песна стара 4 децении повторно оживеа.“


„Пијан Славеј“ и „Реобмислување“


Настанот нема да се задржи само на оваа премиерна изведба. Гостите ќе имаат можност да слушнат и други песни од проектот „Реобмислување“, како и од „Пијан Славеј“, каде што Бранислав Николов е главен вокалист. Овој концерт не е само омаж за Влада Дивљан, туку и за македонската музичка сцена и нејзината поврзаност со ширењето на музичките идеи низ целиот Балкан.

Ако сте љубители на музиката на „Идоли“ или на делото на Прокопиев, овој концерт е нешто што не треба да го пропуштите.

Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page