top of page

Tyler The Creator повторно на врвот на Billboard 200: „Chromakopia“ е првенец две недели по ред



Раперот Тyler The Creator уште еднаш покажа дека неговата музика има моќ да доминира на музичките листи. Неговиот осми студиски албум, „Chromakopia,“ го освои првото место на Billboard 200 вторпат по ред, со 160,000 продадени албумски единици во САД. Ова е историско достигнување за Тајлер – „Chromakopia“ стана негов прв албум што успеал два последователни пати да го освои врвот на листата.



Ова е негов втор албум што го достигнал првото место на два различни периода, по „Call Me If You Get Lost“ од 2021 година, кој исто така имаше две не последователни недели на врвот на Billboard 200. Неговата прва победа на листите започна со „IGOR“ во 2019 година.

Второнеделниот успех на „Chromakopia“ делумно се должи и на изданието на ЦД-то и два специјални бокс-сета, достапни на официјалната веб-страница на Тајлер. Раперот се заблагодари на своите фанови преку Instagram Story за поддршката, но не ги изостави ни оние кои албумот го критикуваа.




„Благодарам на сите кои го слушаа, пребаруваа, репетираа, го исклучија, го сакаа, го мразеа, им растеше и исчезнуваше интересот – навистина ценам секое уво,“ напиша Тајлер. „Се наоѓам во поинаков момент од животот отколку кога повеќето од вас ме запознаа. Да ги споделам овие мисли или чувства, кои можеби сум ги допрел само површно порано, беше вистинско ослободување, и чувството дека толку многу од вас се идентификуваат со тоа е неверојатно.“


Chromakopia значи изобилие на бои, но сите визуелизации (видео, фотографии) се црно-бели или сепиа.


Ние сме пресреќни што музика која лесно може да биде категоризирана како експериментална, андерграунд ...знаете на што мислиме ... може конзистентно да ги победува комерцијалните поп изведувачи ко од шала.

Стани Дивотно

Commentaires


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page