top of page

TikTok активисти преплавија про-живот сајт со лажни дојави


Тексас го стави во ефект „Тексашки акт на срцебиење„ после шест недели. Доколку личност се одлучи на абортус (во овој период многу жени не се свесни дека се бремени) ќе биде забрането. Звучи поетично, емотивно но е груба манипулација. Американскиот колеџ на обстретичари и гинеколози кажаа дека терминот „Срцебиење е лага, во овој стадиум она што е детектирано е порција на ткиво кое допрва би било срцето, како се развива ембрионот„. Тексашкиот нов закон има необичен, но убаво смислен пристап. Им дава моќ и финансии на граѓани, физички лица во македонската терминологија, да гонат било кого што извршува, но и кој „помага и овозможува илегални абортуси„. На пример, другарката или член од семејство кој би ја возел жената на процедурата.


Зошто е вака формулиран? Бидејќи лоби групите кои влечат корени во култови, екстремистички религиозни групи се исклучително мотивирани да се занимаваат со овој тип теми, и со тоа да си ги промовираат догмите.


Еден пример е сајт кој се нарекува себе „Свиркачи„. Прикачил формулари за да охрабрува луѓе да цинкарат жени кои се одлучиле на овој чекор, со цел потоа да ги малтретираат. Тука настапува Sean Black, тиктокер кој првично преку видео на апликацијата охрабрувал да го спамираат сајтот со лажни дојави. Но, не застанал овде, и ја развил идејата. Направил бот кој поднесува лажни дојави секои 10 секунди. Кога му ја банирале IP адресата, имал поднесено 300 приговори. По сето ова направил IOS кратенка која сите можат да ја користат и автоматски да поднесуваат лажни пријави, кои дури користат локални поштенски кодови за дополнителна наводна автентичност, што би направило невозможно да ги разликуваат автентичните од бот пријавите. Практично им го срушиле механизмот на цинкарење. 5000 луѓе од средата до сега пристапиле на шорткатот. Други активисти го поплавиле сајтот со мемиња.


Кимберли Шварц гласноговрничката на „Право за живот„ рече дека тие „ги очекувале овие реакции и биле подготвени за сите тролови кои би дошле на сајтот„ ... Мхм, сигурно...


Засега сајтот ставил капча за заштита, а Black кажува дека работи да ја надмине сопката.


Други знаменити тикток активисти се к-поп фановите (корејски поп), најчесто на возраст помеѓу 12 и 16 години, кои се прилично наапани на политички теми. Добија глобален аплауз откако откупија пола сала за митинг на Trump, која остана полу-празна... Знаеме дека тоа го болеше...

Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page