top of page

Threads на Meta е уште повеќе од истото социјално умрежување

Четвроткот сабајле, со чувство на страв надвиснато над мене се регистрирав на Тредс ( Threads ) клон на Твитер од Мета - сопственик на Фејсбук и Инстаграм. Новата социјална мрежа беше лансирана во средата навечер, со став на дигитално стрелање од Марк Закерберг накај Илон Маск. Твитер, под сопствеништво на Маск, бавно тоне; политиката за ограничување на тоа колку твитови можат да видат корисниците кои не плаќаат, дневно, беше само нејзиниот последен погрешен чекор. Со лансирањето на Тредс, Закерберг се закануваше дека ќе го окупира теренот на својот конкурент присвојувајќи ја за себе нишата на социјалното вмрежување преку текст.



Контрастот беше остар. Атмосферата на Твитер во последно време прејде од седенка која пропаѓа, во бар во кој шанкерот мора да ги избрка и последните пијани посетители - како што напиша Вили Стејли во Тајмс. Како контраст Тредс е сјаен и нов, како средно училиште на првиот час: Мета се чини дека ги охрабруваше инфлуенсерите и славните личности да го наполнат фидот со агресивно ентузијастички постови. Корисниците влегоа среде бучна забава.


Во рок од неколку денови, Тредс доби повеќе од 70 милиони корисници според Мета, што ја направи една од најбрзо растечките апликации било кога. Секако, се прикачи на милијардите корисници кои веќе се на Мета. Единствен начин да се регистрираш на оваа социјална мрежа е со Инстаграм сметка и тоа генерира спремна листа на следачи и следени профили( единствениот начин да се избрише сметка на Тредс е да се избрише и поврзаниот профил на Инстаграм; ова дополнително ги заклучува корисниците.) Искуството на користење на Тредс е помалку како да си на Инстаграм доколку одеднаш почне да ги приоретизира исечоците од текст над сликите. Интерфејсот е инстантно препознатлив на Твитер корисниците иако почист и во линија на тековните трендови на визуелниот дизајн. (Твитер сега се заканува дека ќе ја тужи Мета за „неправилно присвојување на трговските тајни на Твитер“.) Напојувањето на нишките е алгоритамски, слично на на TikTok и Twitter „за тебе“, што значи дека автоматските препораки се појавуваат исто толку често колку и објавите од сметките што ги следите Во моментов е невозможно да се видат објавите само од следените сметки; Директорите на Мета ветуваат дека се работи на хронолошки фид, но, како и на Фејсбук и Инстаграм, таа функција веројатно нема да биде стандардна. Како резултат на тоа, голем дел од она што го гледам на Threads е вид на банална самопромоција на славни личности и брендови што се обидов да ги избегнувам на Твитер - објави од Крис Хемсворт и Елен Деџенерес, Спотифај кои ги прашуваат фановите за нивните омилени плејлисти, и предлози за следење на Кардашијан. Следот на фидови ретко се појавува по хронолошки редослед и често прикажува различни објави од истата сметка еден по друг.


Она што еднаш го направи Твитер успешен е нивната посветеност на пласирање на информации во живо. Тоа беше фестивал на довикување на новинари, на оние кои ги прават вестите, и креатори, но и сите оние кои ќе се вклучат - на релативно еднаква основа и бесплатна за сите. Адам Мосери, челникот на Инстаграм, постираше на Тредс дека овој ап ,нема да охрабрува пласирање на вести, како што тоа некогаш го правеше Твитер: „Има повеќе од доволно прекрасни заедници - спорт, музика, мода, убавина, забава, итн. - за да се направи жива платформа без потреба да се навлегува во политика или тешки вести, “ напиша тој „Тредс е помалку гневно место за разговори.“


Секако дистанцирање од политика е политички чин сам по себе и не го ослободува раководството на

Тредс од одговорност за политичкото влијание на содржината на платформата. ТикТок, кој го попречува ширењето на вестите и поттикнува забавна содржина, е под лупа за нејзините политики за умереност и неговата можна политичка поврзаност со кинеската влада. Сопствениците на популарните сметки на Инстаграм, кои моментално доминираат во просторот на Тредс, не мора нужно да се задоволат со привлечни писатели. Во неговиот влијателен билтен Garbage Day, Рајан Бродерик ја опиша содржината на Threads како „антикултурна ништожност што добро функционира на Фејсбук или Инстаграм“.


Ако 2010-те го сведочеа ширењето на масовните социјални мрежи, вклучително и Фејсбук, кои ги централизираа сите форми на содржина, сега можеби влегуваме во фаза на пост-платформа, секоја апликација одделно служи на сопствената ниша. Threads е само еден вкус меѓу сè почестата листа на бесмислени имиња - Mastodon, Bluesky, Lemon8, Spill, Picnic - од кои ниту една сè уште не станала вистински центар на гравитација на социјалните медиуми. Ако Твитер е бар на затворање, никој не знае која е следната станица.


Така, онлајн граѓаните се оставени бесцелно да талкаат, разменувајќи покани како спикизи лозинки, надевајќи се дека ќе се пробијат на следното место кое ќе успее пред да стане премногу гужва. Пикник е социјална мрежа популарна кај Ген З, каде што корисниците разменуваат френетични домашни видеа и анимации на теми како што се аниме и Roblox. (Како миленијалец, сметам дека е фасцинантно, но крајно неразбирливо.) Блуски, клон на Твитер поддржан од ко-основачот на Твитер Џек Дорси, кој е во приватна бета верзија, можеби има најкохерентен идентитет. Тоа е факсимил на Твитер од раните денови, кога сајтот наликуваше на мала заедница. Сепак, неговиот тон е изолиран, а реконструкцијата на каква било мрежа таму бара напорна работа.


Изминативе неколку дена се движев помеѓу Twitter, Bluesky, Threads, Instagram и TikTok. Тешко е да се запамети каде точно објавив нешто. Исто така, забележувам дека сметките што ги следам објавуваат мали варијации на истата содржина на секоја платформа. Изгледа пред сè, како исцрпувачко губење време. Корисноста на Твитер за ударни вести се распадна под Маск, а платформите што се појавуваат сега се похиерархиски настроени; потешко е да бидете чуен, освен ако веќе имате значителни следбеници што треба да ги внесете во нов простор, а бројот на следбеници опаѓа со секое наредно скокање од една на друга платформа. Во исто време, платформите се повеќе личат една на друга; единствената разлика е со која публика се обидуваш да контактираш. Нивните корисници сите се коцкаат, инвестираат време во надеж дека наскоро ќе се најават на доминантната социјална мрежа на иднината. Она што сè уште ми недостига е доверливата едноставност на Твитер, дигиталниот брутализам од излив на вести од двесте и четириесет карактери во постојан проток. Ниту самиот Твитер, ниту неговите конкуренти во последно време не можеа да ја уловат таа енергија. ♦︎


Кајл Чајка, The New Yorker.


Comments


bottom of page