The White Lotus Official Podcast – Водич низ хаосот на рајот
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Apr 8
- 2 min read
За сите фанови на „The White Lotus“ (а ги има многу - тука се и оние кои сакаат да го мразат но сепак гледаат), HBO серијата што на прв поглед изгледа како поглед во луксузен одмор
, а всушност е саркастичен и остроумен приказ на човечките комплекси, новата сезона доаѓа со уште еден бонус: The White Lotus Official Podcast.
Во рубриката „Поткаст Лектира“ оваа недела ви го препорачуваме токму овој companion podcast, кој стартува на 8 јануари 2025, паралелно со премиерата на третата сезона. Водители се авторката и новинарка Џија Толентино и сценаристот Џош Беарман, кои секоја недела навлегуваат длабоко во темите, карактерите и симболиката на серијата.
Она што го прави овој поткаст особено вреден за слушање не е само фактот што нуди ексклузивни разговори со актерите и креаторите (да, тука е и Мајк Вајт), туку начинот на кој ги отвора прашањата што серијата само ги навестува: моќ, привилегија, секс, класа, лицемерие. Толентино и Беарман не се обидуваат да се држат до новинарската неутралност – имаат ставови, критички пристап и доволно хумор за да не стане сè премногу озбилно и тешко.
Ако сте фанови на серијата, овој поткаст е must. Ако не сте го гледале– слушнете една епизода и ќе посакате веднаш да го гледате „The White Lotus“ од почеток. Поткастот не е само додаток, туку вистински коментар на културниот феномен што оваа серија го создаде.
Каде може да се слуша?
The White Lotus Official Podcast е достапен на сите поголеми платформи за подкасти, вклучувајќи Spotify, Apple Podcasts, Google Podcasts, YouTube како и на официјалната HBO Max апликација и веб-страна. Нема видео верзија, но аудиото е доволно моќно да ве внесе во светот на серијата и зад сцената.
Comments