top of page

Дива разговор: Стив Албини одбива да слуша “националистичко ѓубре”

Нема многу музички ентузијасти како што нема ниту музичари кои не го знаат креативното портфолио на Стив Албини. Револуционерно и иновативно не е преувеличување на твоето професионално резиме, на твоето животно дело. Го кажувам тоа за да кажам дека мојата работа да најдам прашања кои не биле прашани порано, не е лесно и може да биде ограничувачко, ОСВЕН доколку си саунд инженер, или студента музички инженеринг. Можеби го „изгубивме“ Фил Спектор, имаме тебе да зборуваме за ангуларниот звук, доколку треба да го направиме тоа….


ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ НА ПАНДЕМИЈАТА


Стив Албини: За време на пандемијата, светот на сите се собра, сите ние бевме повеќе во нашите домови и глави и јас не сум ништо поразличен. Искористив нешто од присилното време на мирување да работам во домашната столарска работилница, да правам мебел и корисни нешта за куќата, поминав повеќе време во градината, тој тип на работа. Бендот во кој што сум, Shellac, секогаш беше тивка афера, немаме изискувачки распоред. Бевме во можност да одржиме неколку турнеи во 2022, и додека беше супер што можевме сето тоа да го направиме, турнеја под Ковид протоколи не е ни оддалеку забавна како што порано беше. Тој саат на сцена е супер, но остатокот од времето се чувствуваш екстремно притеснет, од она што е безбедно, а што не е.


ЗА БЕНДОВИТЕ, ПРОДУЦИРАЊЕТО И ЕВОЛУЦИЈАТА НА ШЕЛАК.


Стив Албини: Ако ја дефинираме „продукцијата“ на специфичен начин, што значи да ги правиме сите сонични и уметнички одлуки за одреден албум тогаш да, мислам дека е најдобро луѓето да си ја продуцираат сопствената музика. Често има ситуации каде бендот не знае кој е опсегот на можности за одреден звук или техника, и во тие случаи помага да имате искусен инженер кој може да им покаже што е возможно, за да може да направат информирана одлука, или да ја употребат соодветната опрема и техники за да реализираат концепт.


Одличен инженер има целосно сфаќање на снимачката околина (техничка и акустична) и доволно од фамилијарноста за опремата и музиката, за да прави интелигентни одлуки со снимачкиот процес во однос на техниката, методот, тајминот итн. Одличен инженер е сервис на бендот, правејќи се што е потребно за да звукот од нивните глави излезе на звучниците. Одличен инженер не се обидува да ја продуцира снимката, туку го прави продукцискиот процес безболен.


Во Shellac имаме среќа да имаме двајца многу добри инженери во бендот, па можеме да ги решиме сите инженерски проблеми и самите. Додека ние всушност свириме, ни треба некој друг во улога на tape operator, а некогаш тие луѓе имаат влијание и на сесиите.


Во почетокот на бендот, ги тестиравме границите на нашите првични идеи, па затоа често секоја нова песна имаше фундаментална идеја, како „Оваа песна треба да има хармонска прогресија која никогаш не се повторува на ист начин“ или „Оваа песна треба да почне брзо, и да заврши бавно…“ тој тип на работа. Колку подолго бендот преживуваше, идеите стануваа посуптилни, дистинкциите помеѓу песните поспецифични. Сега кога правиме една од тие основи, обично има и нешто друго со нив да ги разликува, и процесот е многу побавен. Ние користевме многу од лесните формати, сега сме на тешките.


АНАЛОГНО И ДИГИТАЛНО: ЗОШТО АНАЛОГНИОТ ЗВУК Е ИЗБОР ЗА ОНИЕ КОИ РАЗМИСЛУВААТ ДОЛГОРОЧНО


Стив Албини: Кога почнав да снимам, уште далеку во 1970-тите, немаше одлука што требаше да се направи. Аналогните техники беа сѐ што беше на располагање, па тоа беше начинот на кој што научив. Секоја година или така нешто, од отприлика 1980-тата па натаму имаше „нов пробив“ во дигиталното снимање што ветуваше дека ќе го смени аналогното. На почетокот тоа беа тривијални, ужасни системи кои звучеа лошо и имаа осакатена функционалност. Во системите базирани на ленти, не можеше да редактираш и тие беа врзани за еден произведувач за плејбек системи, па мастерите константно стануваа сирачиња кога компаниите остануваа без пари и уредите стануваа излишни. Тие беа трагично лоши, и практиките на студијата беа компромитирани од нивните ограничувања.


Како што дигиталните снимки се поместија од хардвер во DAW системи, проблемот на некомпатибилност помеѓу форматите остана, но многу од практичните карактеристики беа додадени и беше возможно да се снима во суштина нормално на нив. Единствениот вистински проблем со нив беше дека таму немаше долгорочен формат за складирање на мастерите, и компјутерската индустрија се менуваше толку брзо што софтверот и хардверот брзо стануваше некомпатибилен од година во година, и конкурентните формати и кревкоста на бизнисите кои ја држеа сопственичката контрола на користењето на мастерите, создаде многу повеќе мастер сираци, сесии кои повеќе не можеа да бидат отворени или имаа катастрофално компромитирана функционалност.


Овие проблеми опстојуваат. Сѐ уште нема долгорочно архивно решение за мастерите направени за време на сесија за снимање. Нема универзален формат за сесиите, како што се сите работи кои порано беа составни за една снимка, EDL, параметри за уредување, виртуелни инструменти, плагини, метадата, и сето останато што е потребно да се оживее сесијата во иднина е кревко и склоно да исчезне со тек на времето. Дополнително тука е тековниот модел на претплата, кој обезбедува сесиите кои се оддржуваат денес, да не бидат употребливи во иднина доколку претплатата не е подмирена.


Ја гледам мојата примарна одговорност во сесија за снимање како правење снимка. Мојата број еден работа е да направам нешто што ќе ги надживее сите во сесијата, за музиката да преживее доволно долго за потенцијално да најде публика. Поголемиот дел од музиката која ја снимам е со ограничена привлечност во моментов, но многу од неа евентуално ќе развие историска значајност со текот на времето, и би било неуспех на мојата одговорност, доколку не уснимам на таков начин, што ќе може да биде слушнат денес како што беше тогаш. Снимките во аналогниот домен се единствен начин да се обезбеди дека сработеното на моите клиенти ќе опстане долгорочно, и искрено долгорочно е единствениот термин кој ми е битен. Некои снимки кои ги правам ќе бидат популарни во моментот, некои нема, но она што ми е битно е да бидат сочувани за луѓето и по 100 години да знаат нешто за нашата музика и нашата култура. Јас снимам на аналогни ленти затоа што зачувувањето на музиката за иднината е мојата примарна грижа.


ЗА ЖАНРОВИТЕ: ШТО КОНСТИТУИРА ЖАНР, И ДАЛИ СЕ ТОА ИСКЛУЧИВО НЕГОВИТЕ МУЗИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ?


Стив Албини: Многу од жанровските музичари се среќни и горди да бидат дел од традиција, од култура и заедница која е само-дефинирана и слеана околу тип на музика. Кантри музика, рутс музика, ска, панк, гот, сурф, гараж, разни категории на метал и електронска/клупска музика… овие се идиоми, понекогаш цели култури инкапсулирани во звук, и луѓето кои се во нив се таму по избор. Апсолутно во ред е да се признаат овие категории и да се прослават, кога се однесуваат со чест. Многу од сурф музиката е забавна да се слуша, речиси без разлика кога е направаена или колку компетентно. Не е длабока, но е забавна. Исто со ска, со арбитрарна вредност на „забавно.“


Но музиката речиси не е битна доколку културата на жанрот е значајна и отаде музиката. Јас не сакам да слушам white-power музика, нациналистичко ѓубре, или тип на блек метал што флертува со фашизмот, па затоа и не ја слушам и не можам да ти кажам дали музиката е „добра.“ Ќе претпоставам дека е лоша бидејќи доаѓа од ужасен начин на размислување, но тоа не е симетрична врска. Немам никаква наклонетост кон музиката на Insane Clown Posse, на пример, но жанрот кој го направија и заедницата која се изгради околу нив е инклузивна и гостопримлива за луѓето кои се на надворешните маргини на стрејт општеството, луѓето кои немаат каде да се обратат, и тоа е доволно за мене да ги ценам, за екстра - музичката грижа.


ЗА МУЗИКАТА КОЈА ЈА СЛУША ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ И МАИЧКИТЕ КОИ ГИ НОСИ.


Стив Албини: Скоро имав сесија со бендот Code Orange и во пресрет на сесијата, направив мал deep dive во нивната музика онлајн, ми беше заживувачка и како награда открив цел каталог што го игнорирав претходно. Има нов Dead Meadow албум, и е значајно експериментално отстапување за нив и на тоа му се восхитувам. Има пар апсолутни ремек-дела на него, и е заносен за слушање како целина. Во последните пар години добив нови маици од Cocaine Piss, Decibelles, Naked Raygun( трибјут на Pierre Kezdy) и Spare Snare, сите се фантастични, и ги носам често.


ЗА ПРЕДИЗВИКОТ НА ПОКЕРОТ.


Стив Албини: Играм покер за пари, и ќе ја играм било која покер игра во која мислам дека ќе добијам пари. Тоа повеќе зависи од поставата на играчи, отколку од типот на игра, но моите вештини, какви што се, се погодни за игри со силна имплицитна информациска компонента, каде што читањето на играчите и читањето на раката од акцијата се највредни. Од тие причини, преферирам мешани игри и stud формат игри, стад со 7 карти поточно. Ако има тешка мешана игра и мека Холдем игра, веројатно сепак ќе си ги опробам шансите во стад играта, но ако комбинацијата на играчи и влоговите го прават играњето на Холдем попрофитабилен, тогаш тоа е она што ќе го направам.


*Разговорот на англиски е ОВДЕ

Comments


bottom of page