top of page

SNL ветераните Вил Ферел и Ана Гастејер ја изведоа "Not Like Us" на Kendrick Lamar на јубилејното издание

Поранешните ѕвезди на Saturday Night Live (SNL), Ана Гастејер и Вил Фарел, се вратија да настапат по повод 50-годишнината, изведувајќи комична верзија на песната "Not Like Us" на Кендрик Ламар.



Концертот "SNL50: The Homecoming Concert", одржан пред преполната Radio City Music Hall во петокот (14 февруари), го проследија мноштво ѕвезди, и во публиката и на сцената, кои го прославија американското скеч шоу. Меѓу нив беа Фарел и Гастејер, кои ги репризираа своите ликови од шоуто - наставниците по музика Марти и Боби Кулп.

„Денес е Денот на вљубените. Затоа ве покануваме сите да се гушнете под музичко ќебе од сензуален фанк и луди свежи битови ... Не лажеме“, рече Боби на Гастејер. Фарел потоа се пошегува инспириран од расправијата меѓу Кендрик Ламар и Дрејк што ја инспирираше "Not Like Us".

„Дали Кени Ламар и Дрејк Греам се овде?“, ја праша публиката. „Инаку, можеби вие двајца можете да се прегрнете вечерва во името на љубовта и колегијалноста. Не? Како не!? Пораката е примена“. Потоа тие продолжија со урнебесна изведба на песната, која беше топло примена од толпата.




Откако минатата година стигна до број еден на Billboard 100, интересот за дис - песната се зголеми поради тоа што беше кулминација на настапот на Ламар на полувремето на Супер Боулот. Концертот "SNL50: The Homecoming Concert" му претходеше на тричасовниот специјал за 50-годишнина во неделата (16 февруари), и покрај Кулпс, на него настапија и Пост Малон со преостанатите членови на Нирвана, и Лејди Гага која пееше заедно со комичниот бенд The Lonely Island.




За време на јубилејната епизода, суперѕвездите од минатото но и тековните Пол Сајмон и Сабрина Карпентер заедно ја испеаја "Homeward Bound"; Џек Вајт ја изведе "Seven Nation Army"; и Пол Макартни се појави по петти пат во шоуто за да изведе мешавина од песни од "Abbey Road" на The Beatles.


Инаку SNL редовно го следевме и во Македонија на програмата на МРТВ, се́ до распадот на Југославија.

Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page