top of page

Renaissance турнејата на Бијонсе донесе нешто ново: Блу Ајви




Минатата деценија, поп-иконата Бијонсе сакаше да поентира со својата виртуозност и перфекционизам преку своите музички и визуелни настапи, и влезе во друштвото на Ролинг Стоунс, U2 - како најголеми изведувачи во живо кои полнат стадиони со спектакуларна режија, кореографија, сценографија... Сепак последниот новитет донесе нешто што е само напола неочекувано: нејзината ќерка Блу Ајви Картер. На својата турнеја „Ренесанса“, Бијонсе не само што ја внесе својата сопствена магија на сцената, туку го претстави и гласот и талентот на својата ќерка.




Турнејата „Ренесанса“ на Бијонсе се вклопува во целокупното искуство на неверојатната кариера на оваа поп-икона. Со спектакуларните настапи, таа не само што ја забавува публиката, туку во нејзината последна фаза воведува и димензија на активизам, преку славење на својата култура но и интегрирајќи уметност надвор од популарната култура.




На турнејата "Ренесанса", Бијонсе ја изнесе својата ќерка Блу Ајви Картер на сцената, но дозирано. Со тоа ги привлече секогаш присутниот глас на критичарите „Блу Ајви е здрвена, нема баш осет за ритам како мајка и́“ - сигурни сме дека доколку спротивното се случеше, истите тие критичари ќе се огласеа како Блу Ајви е експлоатирана на начин што не доликува на дете од 11 години..

Дел од луѓето ја најдоа починатата Алија во сценското присуство на Блу.

Доминатните реакциите на публиката на турнејата "Ренесанса" се еуфорични во Блу Ајви и нејзиното појавување го препознаа како нова ера на настапи на Бијонсе која беше повоздржана во танцувањето од обично.


Comments


bottom of page