ERICA EZEIFEDI
од: Ерика Езеифеди;
Од крајот на март, ги следам рап битките и непријателства каде Дрејк (Drake) се позиционираше наспроти Future, Metro Boomin и Кендрик Ламар (Kendrick Lamar). Иако на почетокот се чинеше дека е стандардна рап препирка, сепак потоа зема друга насока.
Набрзо, непријателството стана само Кендрик против Дрејк, а навредите што се фрлаа беа сериозни. Меѓу другото, Кендрик ја извика тенденцијата на Дрејк да ја присвојува Црната американска култура, го обвини дека е женомразец и насилник.
И Кендрик - го избриша подот со него.
Никогаш досега не сум видела толку голема ѕвезда да биде симната толку брзо и толку апсолутно. Каде и да отидев на мојот тајмлајн на TikTok, гледав луѓе кои рецитираа различни делови од четирите дисови на Ламар и, за време на празникот Cinco de Mayo, беа направени толку многу видеа од луѓе кои танцуваат на „Not Like Us“, со ритамот типичен за Западниот брег лесни за цитирање, тешки удари со поенти. Вестите за непријателството стигнаа дури и до мејнстримот незасегнат со хип хоп, и сите од Њу Јорк Тајмс до The Guardian имаа што да кажат на темата.
Но, каква врска има ова со литературата?
Па, ако припаѓате на кампот што ги гледа музичките текстови како литература, одговорот на тоа е очигледен. За сите останати, усните традиции одат подалеку од пишаните, како за почеток, а поезијата - што е, голем дел од рапот, има ритмичен квалитет што овозможува да се зборува на глас. Боб Дилан е добитник на Нобеловата награда, а Кендрик Ламар, касап на канадски рапери, доби Пулицерова награда во 2018 година за неговиот албум DAMN.
Се́ на се́, ова непријателство беше толку интересен момент во Црната американска култура и делува како пресвртница за поп-културата во целина. И покрај тоа, има и такви кои се обидоа да го минимизираат моментот.
Има многу објави низ платформите на социјалните медиуми кои се обидуваат да не́ засрамат нас, кои следевме како се одвива битката, а има дури и статија во Rolling Stone која цмиздри за тоа колку е тешко да ти е гајле „за рап војна среде вистинска војна“. Како да не можеме да одиме по улица и да џвакаме мастика во исто време.
Хип хопот е огромен дел од Црната американска култура, па кога ќе видам сентименти слични на овие и кога ќе се сетам како се прават напори да се зачува уметноста на другите култури во хаотични времиња (како на пример кога Гети даде 1 милион долари за да и́ помогне на Украина да складира уметност за време на војната), ги препознавам по она што се: суптилни начини да се поништи Црната американска култура.
Со сето тоа кажано, битката не беше без своите проблематични моменти. На моменти, и Кендрик и Дрејк дофрлаа бодежи еден на друг, со што ја редуцираа траумата на жените и девојчињата на обични вицеви. Токму ова префрлање на грижите на црните жени во позадина и гореспоменатото поништување на Црните луѓе и нашата култура, сакав да го споменам во првите неколку книжевни непријателства што ги истакнувам.
Ричард Рајт против Зора Нил Харстон
Ричард беше тој што го фрли првиот книжевен удар во овој beef(сленг, непријателство)
Во 1937 година, Зора Нил Харстон ја објави Their Eyes Were Watching God (Нивните очи го гледаа Бога)-што стана нејзиното најпознато дело - се објавува.
И тогаш, Рајт, самиот склон кон драми се фрли среде ситуацијата.
Тој напиша есеј во кој ја осудува книгата на Херстон, во суштина велејќи дека нејзиниот фокус на потрагата на главниот лик на Црната жена за самоактуелизација - што го вклучуваше и нејзиниот сексуален живот - ги зајакнува стереотипите околу Црните луѓе и промискуитетот.
Тој рече дека има, „нема тема, нема порака, нема мисла. Главно, нејзиниот роман не е упатен на Црниот човек, туку на белата публика чии шовинистички вкусови знае како да ги задоволи. а „лесната сензуалност, нешто што - според него - првпат фатило корен во пишувањето на Црнците благодарение на Филис Витли, друга Црна жена и книжевна ѕвезда. Сето тоа го кажува и покрај тоа што еден од неговите најпознати романи, Native Son следи еден млад Црн маж, Бигер Томас, кој уби бела жена чие име…е избор. Да.
Една година подоцна, Херстон, ситничар како и секогаш - и со право - ја прегледува првата книга на Херстон Рајт Децата на чичко Том, велејќи „Овде има раскошни убиства, можеби доволно за да ги задоволи сите машки Црни читатели“. Ауу.
Оваа расправија совршено го опфаќа прашањето за сексизмот во црнечката култура и директно ја покажува потребата Кимберли Креншо да го измисли терминот „интерсекционалност“. Времето кога Херстон и Рајт беа најактивни - за време на ренесансата на Харлем - беше време кога Црните креативци се бореа да не се хранат со негативните стереотипи околу Црните луѓе и да не се изразуваат автентично.
Токму оваа потреба да се спротивстави на овие негативни стереотипи ги натера некои од Црнците да се вклучат во политиката за почитување, особено - и во некои случаи, исклучиво - што се однесуваше на жените. Ова го гледаме со Ричард Рајт, кој немаше проблем со пишување книги кои содржеа негативни стереотипи, но ја повлече линијата кај Црните жени кои автентично пишуваат за нивните искуства.
Тони Морисон против Бил Моjерс
Ова е помалку двострано непријателство, а повеќе Мојерс како си го покажува своето лице, додека Морисон го покажува свето трпение.
Кога таа беше интервјуирана од него во 1990 година, ја праша дали некогаш може да напише книга во која нема да бидат во фокус Црните луѓе. Како што споменав претходно, нејзиниот одговор беше грациозен. Сепак, осум години подоцна, таа беше прашана за интервјуто со Мојерс од Чарли Роуз, и таа објасни како прашањето на Мојерс е вкоренето во евроцентризмот и колку сосема друг-уваше.
Брам Стокер против Оскар Вајлд
Иако ова непријателство е лом но на сладострасен начин, исто така е тажно.
Абрахам Стокер и Оскар Вајлд всушност пораснаа заедно - нивните родители беа пријатели - и заедно отидоа на колеџ. Се вели и дека биле многу блиску.
Толку блиски, всушност, што дури и́ се додворуваа на истата жена, популарната Флоренс Балкомб. Ова е делумно точката каде што започна непријателството. На почетокот, Вајлд и неговата примамлива накинџуреност го привлекоа вниманието на Балкомб, но потоа Стокер ја запроси - прилично скандалозно - и таа на крајот се омажи за примерниот Стокер.
Подоцна, кога Вајлд беше испратен во затвор на две години поради тоа што бил квир, Стокер почнал да работи на Дракула. Писателот на Book Riot (Книжен бунт), Тика Витери забележа како Стокер го опишува ликот Дракула на ист начин како Вајлд е опишан од јавноста. И двајцата се опишани како „прејадени пијавици“ и ги претставуваат се́ што е зло и лошо во општеството.
Салман Ружди против Џон Апдајк
Во 2006 година, Џон Апдајк напиша рецензија за Шалимар кловнот од Салман Ружди, и имаше мисли.Поточно, за изборот на името, од страна на Ружди за еден од ликовите на книгата. Тој праша: „Зошто, ох зошто, Салман Ружди, во својот нов роман,Шалимар кловнот, нарече еден од неговите главни ликови Максимилијан Офулс? Читателите на оваа рецензија ќе бидат поштедени, на начин на кој што не беше рецензентот, од налудничавата вежба во обидот да го преклопи Офулс на Ружди со историскиот. Тие двајца немаат никаква врска еден со друг, освен во името и перипатетичкиот живот“.
Потоа, Ружди, со сета своја ситничавост, одговори: „Зошто, ох зошто. . . ?’ Па, зошто да не? Некаде во Лас Вегас веројатно има машка проститутка наречена „Џон Апдајк“.
Господине Ружди!
Продолжувајќи, тој рече: „Она што најмногу ме разочара кај Апдајк е тоа што во својата рецензија тој не спомена дека штотуку завршил роман за тероризмот. Мораше да ме исфрли од видното поле, за да си направи простор. Не сум во линија на претежно англиското восхитување на Апдајк... Тој треба да остане во своето парохиско соседство и да пишува за размнување со сопруги, бидејќи тоа е она што може да го направи“.
„Изгледаше како навистина да бил претепан, како да го претепала мексиканската полиција“.
Габриел Гарсија Маркез vs. Марио Варгас Љоса
Ова е непријателство како од реалношоу. Варгас Љоса ја изневерил сопругата со шведска стјуардеса. Потоа Патриша, неговата сопруга, оди кај најдобриот пријател на Варгас Љоса, Гарсија Маркез, за совет. Тој предлага развод...а можеби и нешто друго. Одреден вид нешто друго што води до тоа Варгас Љоса да спопука Гарсија Маркез следниот пат кога ќе го види во Мексико Сити во 1976 година. Еден ден подоцна, Гарсија Маркез и неговата сопруга Мерцедес одат кај нивниот пријател Родриго Моја и Гарсија Маркез бара од него да ја фотографира неговата модрица. Моја рече: „Изгледаше како навистина да бил претепан, како да бил претепан од мексиканската полиција“. Цел хаос.
Верувајте ми кога велам дека има многу повеќе книжевни непријателства- како онаа помеѓу Колсон Вајтхед и Ричард Форд (се работи за плукање!), и Ернест Хемингвеј и, како и сите негови современици - но се надевам дека мојот мал излет во литературниот скандал можњ да ги засити најлом аглите на вашите срца.
Comentarios