top of page

Puff Daddy е во неволја: шокатни наводи за насилство, силување, во тужбата на Кеси

извор: Њујорк Тајмс;


Шон Комбс (Sean Combs), продуцентот и музичкиот магнат, кој со децении e едно од најпознатите имиња во хип-хопот, беше предмет на тужба во Федералниот суд во четвртокот од страна на Кеси (Cassie), ар-ен-би пејачка, некогаш дел од неговата издавачка куќа, која го обвини Комбс за силување и постојано физичко малтретирање кое се одвивало во текот на приближно една деценија.



Во тужбата, поднесена во Федералниот окружен суд во Менхетен, Кеси, чие вистинско име е Касандра Вентура - и која долго време беше романтична партнерка на г-дин Комбс - вели дека не многу долго откако го запознала во 2005-та година, кога имала 19 години, тој започнал со циклус на однесување на контрола и злоупотреба што вклучувало нејзино дрогирање, тепање и принудување на секс со низа машки проститутки додека тој ги снимал средбите. Во 2018-та година, се вели во тужбата, пред крајот на нивната врска, г-дин Комбс насилно влегол во нејзиниот дом и ја силувал.


„После години во тишина и темнина“, рече г-ѓа Вентура во изјавата „конечно сум подготвена да ја раскажам мојата приказна и да зборувам во своето име и во корист на другите жени кои се соочуваат со насилство и злоупотреба во нивните врски .“


Како одговор, адвокатот на г. Комбс, Бен Брафман, рече: „Г. Комбс жестоко ги негира овие навредливи и срамотни наводи. Во изминатите шест месеци, г. Комбс беше подложен на упорно барање на г-ѓа Вентура од износ на 30 милиони долари, под закана дека ќе напише оцрнувачка книга за нивната врска, која недвосмислено беше отфрлена како бесрамна уцена. И покрај тоа што ја повлече својата првична закана, г-ѓа Вентура сега прибегна кон поднесување тужба преполна со неосновани и срамотни лаги, со цел да ја наруши репутацијата на г-дин Комбс и да бара надомест.





Даглас Вигдор, адвокат на г-ѓа Вентура, рече дека странките разговарале пред да биде поднесена тужбата. „Г. Комбс и́ понуди на г-ѓа Вентура износ од осум цифри за да ја замолчи и да го спречи поднесувањето на оваа тужба“, рече тој. „Таа ги отфрли неговите предлози“.


Случајот на г-ѓа Вентура е последниот во серијата граѓански тужби за сексуален напад поднесени неодамна против истакнати мажи во музичката индустрија, вклучувајќи ги Стивен Тајлер од Аеросмит, извршниот директор Ел Еј Рид и Нил Портноу, поранешниот шеф на организацијата зад Греми наградите. (Г-дин Портноу го негираше обвинението; г-дин Тајлер и г-дин Рид не одговорија.)



Комбс (54) го основа Bad Boy во 1993 година и стана една од главните фигури во комерцијализацијата на хип-хопот, работејќи со ѕвезди како Notorious B.I.G. и Мери Џеј Блајџ. Неговото богатство се проценува на 1 милијарда долари, а минатата година Форбс ја пресмета годишната заработка на г.Комбс и изнесува 90 милиони долари, припишувајќи го тој износ во голема мера на неговото поранешно партнерство во брендот за алкохол, Ciroc, кој е во сопственост на гигантот за алкохолни пијалоци Diageo.

кој во својата кариера беше познат какоPuff Daddy, Diddy и Love, можеби е најпознатиот музички директор на неговата генерација. Но, тужбата го прикажува г. Комбс како насилна личност која, освен константното насилство кон Вентура, ја замолил да го носи неговиот пиштол во нејзината чанта, а тужбата сугерира дека тој е одговорен за уништување со експлозив на автомобилот на додворувач кој бил негов ривал. Во еден инцидент, од тужбата се вели дека г. Комбс држел пријател на г-ѓа Вентура, да виси на хотелскиот балкон на 17-ти кат.


При именување на дополнителни обвинети, судските документи тврдат дека другите кои работеле со Комбс го криеле неговото однесување. Тужбата, во која како обвинети се именувани Комбс и голем број негови поврзани компании, бара неодредена отштета.


„После години во тишина и темнина“, рече Каси, чие вистинско име е Касандра Вентура, во изјавата: „Конечно сум подготвена да ја раскажам мојата приказна“.

Според тужбата на г-ѓа Вентура, таа била занесена од џет-сетерскиот животен стил на Комбс не многу долго откако го запознала и потпишала договор со Bad Boy, кој го издаде нејзиниот деби албум во 2006 година.


Но, како што се вели во тужбата, тој набрзо почнал да утврдува извонредно ниво на контрола над нејзиниот живот. Освен што ја контролирал нејзината кариера, тој ги плаќал ратите за автомобилот, становите и облеката, па дури и имал пристап до нејзините лични медицински досиеја. Според тужбата, резултатите од скенирањето на главата што го направила - за губење на меморијата, веројатно предизвикано од употреба на дрога или од удари што таа рече дека ги здобила од г-дин Комбс - биле пратени директно кај г. Комбс.


Комбс, исто така, и давал на Вентура „обилни количини на дроги“, вклучувајќи екстази и кетамин, и барал од нејзе да ги земе, се вели во тужбата, и често станувал насилен, тепајќи ја „се́ повеќе секоја година“. Во тужбата се вели дека Вентура никогаш не отишла во полиција бидејќи се плашела дека „само ќе му даде на Комбс уште еден изговор да ја повреди“.


Во еден инцидент во Лос Анџелес во 2009 година, се наведува во тужбата, тој се разбеснил кога ја видел Вентура како разговара со друг агент за таленти, а потоа ја втурнал во автомобил и ја клоцал повеќе пати по лицето, поради што крварела. Според тужбата, г. Комбс потоа побарал од неговиот персонал да ја однесе во хотелска соба за да закрепне една недела. Таа побарала да оди дома кај нејзините родители, но г. Комбс одбил, се вели во тужбата..


Тужбата наведува дека откако ги уочила насилното однесување на Комбс и степенот до кој тој би ја изолирал од нејзината мрежа за поддршка, „Г-ѓа. Вентура сметаше дека ако каже „не“ на г-дин Комбс тоа ќе ја чини нешто - нејзиното семејство, нејзините пријатели, нејзината кариера, па дури и нејзиниот живот. И иако таа се обидела да го напушти Комбс, во тужбата се вели дека тој ги испратил своите вработени да ја намами назад.





Во еден инцидент опишан во судските документи, Вентура вели дека на почетокот на 2012 година Комбс толку бил гневен поради нејзината врска со раперот Kid Cudi што тој рекол дека ќе го разнесе автомобилот на раперот. „Во тој период“, се наведува во тужбата, „автомобилот на Kid Cudi експлодираше на патеката пред неговата куќа“.


Преку гласноговорник, Kid Cudi ги потврди наводите на Вентура дека имал автомобил што експлодирал. „Сето тоа што го кажува е вистина“, рече тој.


Неколку години по почетокот на врската на Вентура со Комбс, се вели во тужбата, тој почнал да ја присилува „да се впушта за задоволување на неговиот фетиш наречен „воајеризам“, во кој Каси била упатена да има секс со низа машки проститутки, додека Комбс гледал, мастурбирал, фотографирал и снимал видео.


Според тужбата Комбс овие средби ги нарекувал „freak offs“, кои вклучувале костими, како маски за маскенбал и долна облека. Тие продолжиле да се одвиваат со години, се одржувале во хотели од висока класа низ САД и во домовите на г. Комбс. Во тужбата се вели дека тој и наложувал на Вентура да пребарува веб-страниците на ескорт службите за да си набави машки сексуални работници.


На овие настани имало многу дрога, за која во тужбата се вели дека ја земала затоа што „и́ овозможувале да се дисасоцира за време на овие ужасни средби“.


Вентура би ги бришела видеата од овие инциденти што биле снимени на нејзиниот телефон, но Комбс и рекол дека сè уште има пристап до тие видеа, а еднаш ја натерал да гледа видео за кое мислела дека го избришала додека патувале со авион.

Во тужбата се вели дека како резултат на овие сексуални средби во различни градови, г. Вентура е жртва на сексуална трговија. Тужбата го обвинува Комбс и за сексуално насилство, сексуален напад и прекршување на законот за родово мотивирано насилство во Њујорк.


Тужбата на Вентура вклучува неколку извештаи за нејзините неуспешни обиди да избега од контролата на Комбс.


Во еден пример, наведува дека за време на „откачувањето“ во хотел во Лос Анџелес во 2016 година, пијаниот Комбс ја удирал Вентура во лицето по што се здобила со модрици. Тој заспал и таа се обидела да ја напушти собата, но Комбс се разбудил и ја следел во ходникот, каде што фрлал стаклени вазни кон неа, предизвикувајќи стакло да се искрши низ ходникот, се вели во судската пријава. Безбедносните камери на хотелот го снимија тој инцидент, но во тужбата се вели дека Комбс ја откупил снимката од хотелот за 50.000 долари.






Во судската пријава се вели дека во 2018 година, откако Комбс и Вентура се сретнале на вечера, тој насилно влегол во нејзиниот стан и ја силувал додека таа „постојано кажувала „не“ и се обидувала да го оттурне“. После тоа, вели тужбата, таа го оставила засекогаш.

Вентура се омажи за Алекс Фајн, личен тренер, следната година и сега има две мали деца. Според жалбата, нејзиното дружење со Bad Boy завршило во 2019 година.


Случајот на Вентура, како и другите неодамнешни тужби за сексуален напад, се води според Законот за возрасни преживеани, њујоршки закон кој им дозволува на луѓето кои велат дека биле жртви на сексуална злоупотреба да поднесат граѓански тужби по истекот на статутот на застареност. Едногодишниот рок за поведување предмети според овој закон завршува следната недела.


Тој закон е цитиран во жалбата на г-ѓа Вентура и во изјавата таа се осврна на неговата важност.


„Со приближувањето на истекувањето на Законот за возрасни преживеани во Њујорк“, рече таа, „стана јасно дека ова е можност да се зборува за траумата што ја доживеав и дека ќе се опоравувам до крајот на мојот живот“.


Comments


bottom of page