top of page

Naomi Campbell по прв пат со деветмесечната ќерка на насловницата на британскиот Vogue

Наоми Кемпбел минатиот мај ги изненади сите, кога на Денот на мајката објави на Инстаграм дека има ќерка - нејзиното прво дете со слика каде ги држи нејзините стапала и со зборовите: „Прекрасен мал благослов ме избра да бидам нејзина мајка, толку сум почестена што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови со кои може да се опише доживотната врска што сега ја споделувам со тебе, ангелу мој - нема поголема љубов“.



Медиумите шпекулираа дали Наоми била бремена и одеа помеѓу: - Не! Настапуваше на Париската модна недела, и немаше стомак на трудница, додека други дебатираа: - Таа е висока, а повисоките жени далеку помалку се познаваат кога се бремени... Но Наоми не се одзва и заврши тој муабет на тоа.



Денеска, таа по прв пат нѝ ја покажа, во целата своја слава својата мала фамилија, но сепак не одеше во детали. Само искоментира: „не е посвоена, моја е...„ Со што некако сите тивко заклучија дека веројатно најмила сурогат, нешто што не е невообичаено дури и со поголеми шанси за носење на бременоста: Ким Кардашијан две од четирите деца ги доби така, како и Габриел Јунион - која беше отворена со бруталната борба да забремени - посведочи дека престанала да брои колку бремености изгубила, и конечно стана мајка на 46 години со сопругот и кошаркар Двејн Вејд, а детето што го добија, е - често единствената причина зошто сум на Инстаграм - прекрасно, смешно и паметно двегодишно девојче.



Од друга страна овде е Џенет Џексон - таа стана мајка по прв пат на 50 години - ја носеше бременоста сама, па ништо не е исклучено... Немаше да ги преиспитуваме славните бремености, не на овој начин, да не налетавме на еден поразителен клип од емисијата бекстејџ, каде што еден возрасен доктор Вело Маркоски, од некоја причина со неговата многу помлада сопруга гостуваа, и тргна на тангента која беше чудна: од луѓето се полни предрасуди, и коментираат без да ја знаат приказната (до овде звучи разумно)... но - тој е загрижен за жените помеѓу 33-38 години (чудно специфично!) кои немаат мајчински инстинкт(!!) ...



И тука се сетивме на контрастот на денешната приказна со Наоми.. Жените не се приплодни крави.

Жените имаат функција надвор од раѓање деца.

Жените имаат моќ и способност да ја изразат својата желба за семејство - или недостиг од тоа - без суперВело да дојде напомош!

Секој човек - маж или жена, или сè помеѓу - има свои уникатни околности, но и амбиции за својот живот.

Што бара Вело на Бекстејџ, и како еден доктор не ги знае овие принципи?


Или - ова беше глупост која ти падна на памет, за да не изгледаш како перверзњак што гања студентки, како поприфатлива верзија на приказната? Е па не е!


Comments


bottom of page