top of page

Martix со концертна промоција на „АРСЕН“

Updated: Dec 4, 2024



Младата рап ѕвезда Мартикс во подем кој е дел од најновата македонска хип-хоп генерација  е подготвен да ја раздрма сцената со промоцијата на својот втор албум „АРСЕН“ во колаборација со Фундамент(Филип Прокопенко) ..Овој проект не е само музички албум – тоа е културен момент, омаж на инспиративни фигури како Арсен Дедич, Арсен Венгер, и Арсен Лупен.










Многу сте ми лабави ко да сте на реге фест

Нема губење на посед, газиме со gegenpress

Викај прес, влагам дрско ко Жозе

Нема тешење со малку - фрлен е медалот бронзен


Концептот на „АРСЕН“


Албумот „АРСЕН“ содржи десет песни и носи уникатна порака: албумот го истражува концептот на „отров“, но истовремено претставува и омаж кон луѓе кои оставиле траен белег – Арсен Дедич, Арсен Венгер, и Арсен Лупен.


„Па се изгубив во ходници, што сам ги ѕидав

Многу викотници, но морав посилен да бидам

Издржав удари од кои тело отекува

Но нема тоа што музика не излекува!“



„Процесот на создавање на албумот беше вистинско уживање,“ вели Мартикс. „Се обидовме низ песните да ја пренесеме енергијата и идејата на АРСЕН, а концертната промоција е нашиот начин да го споделиме ова со публиката.“


Мини фестивал со гости

qqНастанот е повеќе од концерт – тоа е мини фестивал кој ја слави рап и урбаната култура, и ја напушта навиката на Скопје-центричност па освен Тибор од Хрватска и WLD од Бугарија, ќе имаме шанса да чуеме како звучи македонскиот хип-хоп со покреативна селекција. Освен настапот на Мартикс, публиката ќе има можност да ужива во настапите на:



  • Паки од Zad Agolot (Скопје)

  • Тибор (Загреб)

  • Кацар и Џоле (Скопје)

  • С.А.М (Тетово)

  • ВецВајсВерс (Скопје)

  • WLD (Софија)

  • Мев (Скопје)

  • Оскар (Македонска Каменица)



Музичката селекција и поддршка ќе ја обезбеди познатиот DJ Popeye, кој ќе се погрижи за атмосферата пред и за време на настапите.



И тоа не е се́....


На промоцијата ќе може да се купат CD од албумот (500 денари) и маици со дизајн на „АРСЕН“ (1000 денари). Со секоја продажба, артистите го поддржуваат натамошниот развој на локалната музичка сцена.

„Нашата идеја е да ги собереме, испочитуваме и вреднуваме артистите кои беа дел од нашата приказна низ годините. Се надеваме дека ова е само почеток на поголема соработка,“ додава Мартикс.




Со поддршка од Alfa Sound и звукот на Ивица Јанкуловски ШТРАФ, „АРСЕН“ ветува незаборавна вечер. Овој настан не е само концертна промоција, туку прослава на рапот и заедништвото во урбаната култура.


🗣 Раширете го зборот,  дојди со друштво и подгответе се за журка!

Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page