top of page

Кифи Ди член на ганстерите Крипс уапсен за убиството на Тупак Шакур

Повеќе од 25 години по убиството на Тупак Шакур - трагедија која беше дефинирачка за хип-хоп кулутрата - самопрогласениот гангстер Киф Ди кој непрестано зборуваше дека е вмешан во убиството на раперот, е обвинет за убиство, објави во петокот обвинителството во Лас Вегас, откако обнови истрага која траеше над две децении.



Двејн Кит Дејвис во интервјуа и мемоари истакнуваше дека се наоѓал на совозачкото седиште во белиот кадилак кој се испречил пред возилото на Шакур ноќта на натпреварот на Мајк Тајсон со Брис Селдон во Лас Вегас во 1996 година.


25-годишниот рапер беше ранет четири пати, а неколку дена подоцна почина во болница.


Големата порота во округот Кларк го обвини Дејвис по една точка за убиство со смртоносно оружје и со намера да ја промовира, поддржи или помогне криминална банда, соопштија обвинителите во петокот пред судот. Обвинителот рече дека Дејвис е во притвор; Неговото апсење првпат го објави Асошиејтед прес.


Со текот на годините, иако имаше многу шпекулации, докази и извештаи за убиството, не беа покренати обвиненија за пукањето на Тупак, кој веќе стана еден од најпопуларните уметници во 1990-тите, со текстови кои имаа поетска димензија среде конфронтирачки гангстерски рап. Но, интересот за случајот беше обновен во јули кога Метрополитската полиција во Лас Вегас изврши претрес на дом во Хендерсон, Невада, поврзан со Дејвис.


Марк Ди Џакомо, главен заменик-обвинител на округот Кларк, во петокот пред судот рече дека Дејвис -- кој се опиша себеси како „донесувач на одлуки“ и „генерал со пет ѕвезди“ на локална гангстеркса банда-- бил „командант на терен, на лицето на злосторот“ кој „го нареди пукањето.“ на Шакур и обвинението за обид на убиство на Марион Најт, рап магнатот познат како Шуг, кој го возеше автомобилот во кој се наоѓаше раперот.


Дејвис, кој се нарекува Кифи Ди, ги опиша во детали настаните што доведоа до пукањето и оние кои следеа, во неговите мемоари од 2019 година, опишувајќи го конфликтот меѓу гангстерските банди што ескалираше кога Шакур и неговите соработници го истепаа внукот на Дејвис, Орландо Андерсон, после мечот со Тајсон во лобито на МГМ хотелот.


„Нивниот напад врз мојот внук нè обврза да направиме нешто“, рече Дејвис во мемоарите „Легенда за улиците Комптон“. „Тупак избра навистина лош натпревар“.


Диџакомо во петокот пред судот призна дека општите контури на она што се случи таа ноќ и́ биле познати на полицијата уште од 1996 година.


„Она што недостасува е прифатлив доказ за да се утврди низата на настани што се случија таа ноќ“, рече обвинителот, истакнувајќи дека Дејвис потоа почнал јавно да ја опишува својата улога, почнувајќи со телевизиско појавување во 2018 година. „Во сведоштвото, тој призна дека го набавил пиштолот за да ги пронајде г-дин Шакур и г-дин Најт; тој призна дека бил сопатникот кој седел напред десно, во белиот кадилак“.


Дејвис избегнуваше директно да го спомене човекот кој го држел пиштолот во неодамнешните интервјуа. Но, во снимената исповед на поранешниот детектив од ЛАПД кој го истражуваше убиството на Шакур, Дејвис на полицијата и́ кажа дека тоа е Андерсон, неговиот внук, познат како Бејби Лејн.



Андерсон беше испрашуван од полицајци кои го истражуваа убиството на Шакур, но беше убиен во престрелка во 1998 година. Дејвис рече дека тој бил единствениот жив сведок кој бил во Кадилакот таа ноќ.


Во ноќта на пукањето, Шакур беше во патничкото седиште на БМВ возено од Шуг Најт на афтер забавата во Клуб 662 кој беше новиот објект изнајмен од нивната издавачка куќа, Death Row.


Дејвис, самопрогласен член на бандата Крипс, во своите мемоари напишал дека тој, Андерсон и другите биле вооружени и чекале на паркингот во ноќниот клуб, надевајќи се дека ќе се сретнат со Шакур и Најт, кои биле поврзани со ривалите Бладс.

Кога раперот не се појавил, Дејвис рече дека групата што чекала го напуштила клубот накај нивниот хотел, само за да се сретнат со Шакур и Најт, кои разговарале со фанови застанати на црвено светло. „Додека стоеја во сообраќајот, полека возевме покрај долгата низа луксузни возила во нивната линија, гледајќи во секое додека не стигнавме до првото возило и го најдовме она што го баравме“, напиша Дејвис.




Дејвис рече дека тимот на Шакур се однесувал со „крајно непочитување “ кога тие го претепале неговиот внук, напад за кој се верува дека е одмазда за претходниот грабеж на еден од пријателите на Шакур. Во своите мемоари, Дејвис опишал „строг код“ на улиците по кој луѓето „живеат, убицаат и гинат“.


„Смртта на Тупак и Биги беше директен резултат на кршењето на тој код и експлозивните последици кога се судрија моќниот свет на улицата, шоу бизнисот и корумпираните органи за спроведување на законот“, тврди тој.


Кејдинг, кој не е поврзан со тековната истрага, во интервју за TMZ за време на претресот изјави дека Дејвис бил заштитен од тужби за неговите разговори со полицијата пред повеќе од една деценија, но дека ги гледал изјавите на Дејвис за неговата улога во пукањето како правен инструмент за обвинителите.


Во интервју со диџеј Влад оваа година, Дејвис беше запрашан дали е загрижен дека неговите изјави може да доведат до тужба, Дејвис, кој во неговите мемоари е опишан како раководител на „нарко-империја од повеќе милиони долари“ и беше затворен околу 15 години, делумно поради федерални обвиненија за дрога, рече дека не се плаши од затвор.


„Сакаат да ме стават на доживотен затвор? Тогаш тоа е нешто што морам да го направам.“


Веднаш по смртта на Шакур започна голема акција на истражувачки активности. Повеќе од 20 лица беа уапсени во врска со пукањето, за кои полицијата соопшти дека се сомнева дека е гангстерски напад кој произлезе од убиството на раперот.



Но, со текот на годините, смртта на Шакур остана без обвинение - исто како и смртта на неговиот ривал, Биги Смолс.

Убиствата станаа тема на книги, подкасти, ТВ серии и филмови, што дополнително го издигна Шакур во статус на легенда, познат по албумите како што се „Me Against the World“, во кои рапуваше за животот полн со насилство и „All Eyez on Me,” . еден од првите двојни албуми во жанрот - доби митска улога во хип-хопот.


Истрагата за смртта на Ноториус Би-Ај-Џи беше обновена од Полицијата на Лос Анџелес во средината на 2000-тите, што неизбежно ги наведе да го преиспитаат убиството на Шакур. Грег Кадинг, еден од детективите вклучени во истрагата, подоцна напиша книга во која детално опишува како детективите го убедиле Дејвис да соработува со нив со тоа што му понудиле зделка, која му гарантирала дека нема да може да биде обвинет врз основа на било какви инкриминирачки изјави кои може да ги направи во текот на интервјуата со полицијата.

„Пеев затоа што ми ветија дека нема да ме обвинат“, напиша Дејвис во своите мемоари.


Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page