Утре, во релаксирана атмосфера во Метаноја е најавено инспиративно предавање кое ќе ве поттикне да размислите за улогата на објектите во филмската уметност.
Васил Михаил, автор на книгата „Филмска објектологија“, ќе ги претстави своите размисли за тоа како предметите во филмските кадри стануваат повеќе од само сценски детали. Тие се трансформираат во визуелни носители на приказни, пораки и емоции, отворајќи нова перспектива за нивната интеракција со луѓето.
Настанот ќе ги истражи и пошироките димензии на објектите – од филмскиот кадар до духовните простори на храмовите – и нивната способност да пренесат значајни емотивни и метафизички пораки.
Учесници:
Коста Милков
Васил Михаил
⏰ Датум и време: 12.12.24, 18:00ч.
📍 Локација: Метаноја Галерија, Скопје
Ве покануваме да се приклучите на ова предавање - разговор помеѓу Коста и Васил, да ја откриете перспективата на објектите во уметноста на „Филмската објектологија“. Влезот е слободен.
Comments