„Се впуштив во овој бизнис за да пишувам одлични песни и да се журкам. Бев брз ученик. Го читав секое музичко списание што ќе ми дојдеше до рака и на 12 години, откако издигестирав многу изданија на Creem, решив да ја засновам мојата личност врз Лестер Бенгс, рок-критичарот раскажувач; неговата постојана верба во трансформативната моќ на одлична рок песна се совпаѓаше со мојата. (Исто така бев опседната со неговите непрестани расправии со Лу Рид – ме затекнуваа, но ги сакав). Уметниците и нивните песни го обликуваа мојот живот, моите верувања, мојата само-концепција како музичар – ‘ржечката Pissing in the River на Пети Смит, Barracuda на Heart, Dead End Justice на The Runaways, чии текстови уште ги знам од збор до збор. Но, она за што ниту едно списание или албум не можеше да ме научи или подготви е колку исклучителен треба да бидеш, како жена и уметник, за да ја држиш главата над вода во музичкиот бизнис.
Прекрасниот Чак Ди рапуваше “Elvis is a hero to most, but he doesn’t mean shit to me” ( „Елвис е херој за повеќето, но тој за мене е срање“). Се согласувам. Биг Мама Торнтон за прв пат ја отпеа Hound Dog, напишана за неа (а, можеби и со неа) во 1952 година, што подоцна го стави Кралот на радио. Сестрата Розета Тарп ја препеа, исто така, нејзината верзија беше и најжестоката. Нејзината песна Strange Things Happen Every Day е снимена во 1944 година. Токму овие песни и нејзиното евангелско свирење гитара, ја сменија музиката засекогаш и го создадоа она што сега го нарекуваме рокенрол.
Кога Куќата на славните на рокенролот беше отворена во 1983 година, би помислиле дека можеби ќе сакаат да започнат со Сестра Розета, со оние први акорди што ја зазвучеа песнарката од која сега сите пееме. Првичните индуцирани, беа Чак Бери, Џејмс Браун, Реј Чарлс, Литл Ричард, Сем Кук, Фетс Домино, Еверли Брадерс, Бади Холи, Џери Ли Луис и Елвис Присли, ниту една жена на повидок. Сестра Розета не беше примена, сѐ додека Рок куќата не беше јавно засрамена да ја додаде во 2018 година (таа беше на американска поштенска марка две децении пред Рок куќата да ја прифати). Биг Мама Торнтон, чија снимка на Ball’n’Chain исто така ја оформи оваа нова форма на музика? Сè уште не е примена. Денес, само 8,48% од индуцираните се жени.
Номинациите за овогодинешната класа, објавени минатиот месец, понудија годишен потсетник за тоа колку една жена мора да биде извонредна за да влезе во клубот на старите момчиња (уметниците ги исполнуваат условите 25 години по објавувањето на нивната прва снимка). За една година беа номинирани повеќе жени отколку во кое било време во нејзината 40-годишна историја. Таму беа иконокластите: Кејт Буш, Синди Лаупер, Миси Елиот, две жени во бендови кои ја дефинираа сопствената ера: Мег Вајт од White Stripes и Џилијан Гилберт од New Order, и жена која го субвертираше клубот за момчиња, Шерил Кроу.
Сепак, на овогодинешната листа, имаше неколку легендарни жени, кои мораа да се оладат, додека чекаат да бидат забележани. Ова беше четврта номинација за Буш, визионер, првата жена изведувач, што го освои првото место на топ-листата во Обединетото Кралство со песна што ја напишала (1979 Wuthering Heights) на 19 години. Таа стана подобна во 2004 година заслужено, во неговата прва година на подобност, заедно со Џексон Браун, ZZ Top, Traffic, Боб Сегер, Dells и Џорџ Харисон. Ко-основачот и тогашниот претседател на Рок куќата, Јан Венер (кој е исто така и ко-основач на Ролинг Стоун) беше примен и самиот. Но, Буш не успеа да се најде на гласачкото ливче до 2018 година - и таа сè уште не е вклучена.
Не е важно што таа беше првата жена во историјата на поп музиката која ја напишала секоја песна на дебитантски албум, со продадени милиони примероци. Пионер на синтисајзери, и музички спотови, таа беше откриена минатата година од новата генерација обожаватели кога Running Up That Hill (A Deal With God) беше вклучена во хитот на Нетфликс Stranger Things. Таа сè уште прави албуми. А сепак нема гаранција дека таа ќе биде уфрлена оваа година. На Рок Куќата и́ беа потребни повеќе од 30 години за да ги воведе Нина Симон и Керол Кинг. Линда Ронштат го објави своето деби во 1969 година и стана првата жена која настапуваше на стадиони, но сепак беше примена заедно со Нирвана во 2014 година. Најневеројатно, Тина Тарнер беше примена како соло уметник, три децении откако ја доби номинацијата заедно со нејзиниот злоупотребувач Ајк.
Зошто жените се толку маргинализирани од Рок куќата? Од 31 лице во одборот за номинации, само девет се жени.Според музичкиот историчар Евелин Мекдонел, гласачите на Рок куќата, составена од музичари и елитата на индустријата, се 90% од машкиот пол.
Можете да ја отпишете Рок куќата како „гробница за бумери“ и да тврдите дека таа гради тотем на сопствената ирелевантност. Зошто да нѝ е гајле кој е примен, а кој не? Но, колку и да беа нејзините индукции за презир, Рок куќата е бедем против бришењето со кое се соочува секоја жена уметник без разлика дали копнее по честа, или сака да ја плукне. Сè уште е игра која ја препознава играта, историја создадена и забележана.
Рок куќата е сила што создава кралеви во глобалната музичка индустрија (во САД се емитува на HBO). Индукцијата влијае на цените на билетите на уметниците, на нивните гаранции за изведба, на квалитетот на нивните кампањи за реизданија (ако воопшто се реиздадат). Овие можности се од оние кои го менуваат животот - ја прават разликата помеѓу турнеи во казина за секундарниот пазар, на кои настапуваат како предгрупи за комичари од втор ред; или да бидат хедлајнери на ценети фестивали. Рок куќата се прекри со сјај на гравитас, и долговечност што Греми наградите ги немаат. Особено за женските артисти - ветерани, индукцијата им дава статус што директно влијае на парите кои тие можат ги заработат. Тоа е еден од единствените начини, и секако највидливиот, за оставштината на овие жени, и влијанието, да се почитуваат со непосреден материјален ефект. „Ова не се песни, ова се химни“ (“These ain’t songs, these is hymns”), да го цитирам Џеј Зи.
Цртата е демонстративно пониска, за мажите да можат да ја прескокнат (или да се лизнат под нејзе). Рок куќата, ги признаа Pearl Jam околу четири секунди откако беа квалификувани - а сепак Чака Кан, која ги исполнува условите од 2003 година, згаснува, со седум номинации. Сепак, не е сѐ изгубено - Рок куќата прави специјална програма за месецот на женската историја, на нејзината сценска облека...
Она што го прави „секогаш-деверица“ (никогаш невеста) статусот на Кан, особено трагичен, е тоа што таа била, е, и секогаш ќе биде прародител. Едноставна фигура, таа е кралица на фанкот уште од кога едвај ја навршила тинејџерската возраст. Како што рече Рики Ли Џонс: „ Тука беше Арета, а потоа и Чака. Ќе чуевте како пеат и знаевте дека никој никогаш не го сторил тоа, претходно“.
Сепак, Кан ја смени музиката. Кога беше на сцената во нејзиниот комплет со пердуви, изведувајќи ја Tell Me Something Good, носејќи ја на сите места каде што оди, таа отвори либиденален нов свет. Сензуалност, Црност, таа беше толку многу слободна. Тоа беше божествено. И никогаш повеќе ништо не беше исто.
Но, и покрај сите нејзини исклучителни таленти и достигнувања - и ако постои нешто што жените во музиката мора да бидат, тоа е бескрајно исклучителни - Кан не ја убеди Рок куќата. Нејзините заслуги, нејзините Греми награди, нејзината долговечност, нејзиниот занает, нејзината упорност да преживее како млада Црна жена со сопствен ум во музичкиот бизнис од 70-тите, мостот пред рефренот за Close the Door- ништо од тоа не заслужува канонизација, или така вели Рок куќата.
Креирањето канони на Рок куќата, не мириса само на сексистичко пазење на капијата, туку и наменска неупатеност и непријателство. Оваа година, еден од гласачите изјави за списанието Vulture дека едвај знаеле која е Буш - во годината кога таа имаше светски сингл број 1, 38 години откако првпат го објави. Потенцијалната индукција на Мег Вајт како половина од White Stripes (во нивната прва година на подобност) поттикна отворено презирлив дискурс на интернет, чувствувате дека доколку гласачите би можеле да го примат Џек Вајт без неа, тие би го направиле тоа денес. И сепак, таа ќе биде само третата тапанарка таму, по Џина Шок од Go-Go’s и Мо Такер од Velvet Underground. Каде е Шила И – ги исполнува условите од 2001 година?
Не изгледа добро ниту за црните уметници. Beastie Boys беа примени во 2012 година пред повеќето црни хип-хоп изведувачи од кои научија да римуваат. A Tribe Called Quest, подобно од 2010 година чија музика создаде нова граница за хип-хопот, беа номинирани минатата година и повторно оваа година, како фрлање на коцките, наспроти белите рокери со кои се принудени да се натпреваруваат на гласачките ливчиња.
Ако толку малку жени се примени во Рок куќата, тогаш комисијата за номинација е расипана. Ако толку малку црни уметници, толку малку жени од боја, се примени, тогаш процесот на гласање треба да се промени. Музиката е животна сила која постојано се развива и тие не можат да држат чекор. Срам да му е на HBO што ја поддржува оваа фарса.
Доколку Рок куќата не е подготвена да ги погледне начините на кои го реплицира насилството на структурниот расизам и сексизам со кои се соочуваат уметниците во музичката индустрија, доколку не може соодветно да го почитува она што жените уметници - визионерки, го создале, иновирале, револуционизирале и придонеле за популарната музика. – па, тогаш нека оди по ѓаволите во чанта.
Кортни Лав е пејачка, музичарка и актерка
Commentaires