top of page

Дива појачало: Druggy x Martix, Поетроника, Луфтанза...


Имам сон како Luther King

Кога фатив лист рекоа: wonderkid

Ќутејќи што сакав остварив

Влегов во ова со почит за постари

0стави... ретки се тие без маски

Ти си им најјак, но не си им маалски

На плакати фестивалски најситен фонт

За зборови уште со најсилен фонд

0ва е насилен фронт, јас влегов со кротки поеми

Дур пловев по мастилен Дон, правеа сите од сопки поени

Ова се факти мислат сум здивен, само подвлекувам црта

По успешни акти тврдат сум нивен, среќа на време ги шкртнав

Рими ко на Караманов тврди

Џабе лаат, караванот врви

Звукот вратен ние весници први,

Вие мртви ко од пестицид црви

Бит на Druggy носи ренесанса

Без план за песна, но сенс за шанса

Не чекам музи да дадат thumbs up

Преобразба ко Грегор Самса


Рефрен:


Ова е метаморфоза, менувам пристап, менувам форма

A тие со глави во торба, никако надвор од својот орман x2

Системот цркна - правиме формат

Премногу вируси заразна орда

Никаков upgrade истите збор, два

А сцената горда на просечна творба x2


Гасеници грди презираат лет

Им сметаат туѓи височини

Ко осила зујат ми трујат мед

По листот ми гризат штеточини.

Џабе прават Voodoo да ми снема зборот,

Денес ми е зелен семафорот

Тргнав споро, но ќе стигнам скоро

Да го тргнам шутот да го нема в дворот

Пола се мртви, а пукам на ќоро, не ги ни гледам ко мета

Случајни жртви од зборовен ороз, некаква бледа vendetta

Уште ве возат излитени фрази, без нив ќе останат листови пусти

А нема сиромашен јазик, постојат само голтарски усти

Од капата сами си ишкаат мува,

Ова ко дете да нишкаат грува

Дотерувам сцена во нови рува

Вие неми без теми во собата глува

Ова е меѓу нозе број го два гола

Тука сум да благоглаголам (Што?)

Толку беше, сега дома право

Часот е завршен здраво!




TВОЈАТА ТИШИНА

(Со секој поминат ден)

Сега твојата тишина е погласна од мене

(Со секој поминат ден)

твојата тишина е погласна од мене

И прави да сум немирен

(Со секој поминат ден)

Кога сум немирен дрдорам

Сега сум ја ко ти, ти си ко јас

не сум ко ти, ти си ко јас

(градевме све)

Сега ја сум ко ти, а ти ко јас,

Сега ја сум ко ти, многу сум вознемирен,

(Со секој поминат ден)

Со секој поминат ден еден помалку

Сега твојата тишина е погласна од мене

Твоето небо (....) не ме прави да сум немирен

Сега сум немирен, дрдорам,

(Нови вибрации)






И една кафена лажичка поп:


Вака така пак ќе те видам

бура имам во глава, цунами

Вака така пак те шармирам

Ја и ти меѓу пет океани

его, его

ја сум лекот за него

вечерта е на

вечерта е наша

сакам да те ла

сакам да те лажам

Кога и да си сам

Тебе ти правам драма

Малку сум токсик дама

Мрак,

Врати се пак и пак

не можам да заспијам

влези ми ти во глава

Пекол си за нас

а рај ми е со тебе

До последен час

ми запираш време

не оставај ме, не

знај ќе помине сѐ

ти си мојот билет

од овој себичен свет

Лажи ме лажи ме

Сакај ме, рани ме

ова е мое его

допираш ти до него

Лажи ме лажи ме

Сакај ме, рани ме

ова е мое его

допираш ти до него

Вака така пак ќе те видам

бура имам во глава, цунами

Вака така пак те шармирам

Ја и ти меѓу пет океани

Пекол си за нас

а рај ми е со тебе

До последен час

ми запираш време

не оставај ме, не

знај ќе помине сѐ

ти си мојот билет

од овој себичен свет

Лажи ме лажи ме

Сакај ме, рани ме

ова е мое его

допираш ти до него

Лажи ме лажи ме

Сакај ме, рани ме

ова е мое его

допираш ти до него

ние двајца како ден и ноќ

како ѓаволот и ангелот

и ќе стигнеме до пеколот

само допри ми го егото

x2

Komentarze


bottom of page