top of page

Cardi B креативен директор на Playboy!


Најприродната прогресија - од сексуална работничка до креативен директор на Playboy. Но, за жал звучи како некоја неверојатна „верувале или не„ , „Убава жена„ (филмот) тип на приказна. Карди Би на Инстаграм коментира „Пристапувањето на Playboy фамилијата е сон, и знам дека и вие ќе се заљубите во она што ќе го направиме ;) Ја почнувам журкава како што е ред, како креативен директор, и основоположник на CENTERFOLD - нова платформа, водена од креатори, на Playboy. Доаѓа набрзо! Ќе биде тооооооооолку многу забавно!„



Centerfold беше рубриката на Playboy, причина зошто милиони момчиња и мажи (веројатно и жени) го знаеја и купуваа Playboy - таму девојката на насловницата покажува што знае и што има. Прв центерфолд била Мерлин Монро.


Фактот дека го враќаат Playboy на сексуалните работници е ветувачки, иако нѝ е јасно дека доаѓа од неопходност. Изданието веќе со години е замрено. Ако некој може да го врати во живот, тоа ќе биде Wet Ass Pussy Cardi B.


Onlyfans беше дигиталното збиралише на сексуалните работници, каде тие добија своја независност со тоа што можеа непосредно да заработуваат - но сцената се здоби со удар кога Onlyfans оневозможи монетизирање на содржините кои што ги пружаше. Изговорот беше: банките преку кои одеа трансакциите одбивале да бидат вклучени во овозможување на сексуални услуги - тие се криминализирани во најголем дел од светот. Ова е причината зошто оваа новост од Playboy звучи посебно ветувачки и повеќе од потребно.



Comments


bottom of page