top of page

Baby Reindeer: Фиона Харви тврди дека интервјуто на Пирс Морган е намештаљка

Updated: May 11, 2024



Познатата адвокатка Фиона Харви, врз која се тврди дека  е заснован ликот Марта од серијата Baby Reindeer, изрази негодување поради начинот на кој беше изведено нејзиното интервју со Пирс Морган. Во изјава за Daily Record, таа го обвини Морган дека ја „наместил" и дека се чувствува "искористена".



Baby Reindeer (бебе ирвас) е семи-автобиографска серија на стендап комичарот Ричард Гад која тврди дека раскажува „вистинската приказна“ за комичар кој е злоупотребуван и напастуван од постара жена по име Марта. Харви, во меѓувреме, ги отфрли многу од тврдењата на серијата, вклучувајќи и тврдењата дека Гад го демнела и ја нападнала неговата девојка.Харви исто така потврди дека "решително" ќе преземе правни мерки против Гад и Netflix, велејќи дека ги „изучува сите опции кои ги има“. Харви, која е квалификуван адвокат, вели дека планира да се застапува сама во било каков правен случај.

Харви го даде своето прво телевизиско интервју за Пирс Морган во „Uncensored” , кое се емитуваше синоќа (9 мај), откако првпат го потврди нејзиниот идентитет на почетокот на неделата.

 



Во интервјуто, Харви негираше многу аспекти на наративот на шоуто Нетфликс, велејќи дека таа не го демнела Гад, не ја напаѓала неговата девојка, не го уништила барот во кој работел и не контактирала со неговите родители.

 



Морган ja притисна Харви за голем број тврдења на серијата, вклучително и дека таа му испратила на Гад преку 41.000 мејлови, преку 100 рачно напишани писма и 350 часа говорни пораки.


Како одговор, Харви тврдеше дека му испратила „помалку од 10“ мејлови, додавајќи: „Тоа едноставно не е точно. Ако некој испраќал некому 41.000 е-пораки или нешто слично, ќе праќа колку дневно? Многу.”


На друго место во интервјуто за Морган, Харви беше прашанa која е нејзината порака за Гад сега. „Остави ме на мира, те молам“, одговори таа. „Најди си живот, најди си вистинска работа“.


Таа додаде: „Јас сум ужасната од она што го направи“.


Засега, ниту Netflix, ниту Гад не дале коментар во врска со тврдењата на Харви дека таа е 'вистинската' Марта.


Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page