top of page

Apple го прогласи „Помудри од мене“ на Џулија Луис-Драјфус за поткаст на годината

Џулија Луис-Драјфус може да додаде уште една награда во нејзиниот ормар со трофеи: поткастер на годината на Епл.

Поткастот на Луис-Драјфус Wiser Than Me (Помудри од мене)  што го лансираше во април, беше прогласен за шоу на годината на Apple Podcast за 2023 година и добитник на наградата Apple Podcasts.

Наградата се доделува секоја година од технолошкиот гигант „за да му оддаде чест на шоуто кое покажува квалитет и иновација во поткастингот“. Не се дава на најпопуларното или насјлушаното шоу за годината, иако неговата позиција на табелата е еден од факторите што се земаат предвид заедно со квалитетот на програмата.

 



„Помудри од мене“ помина 29 дена на американската табела на Apple Podcasts и се рангираше на петтото место на листата на најдобри нови емисии на Apple. Претходните добитници на наградата Apple Podcasts вклучуваат  Slow Burn на Слејт (Бавно горење) Pushkin со A Slight Change of Plans (Мала промена на плановите), and NPR’s Code Switch(Шалтање на кодови)



Во серијата од 21 епизоди, актерката интервјуира гости кои се помудри од неа. Меѓу интервјуираните во текот на првата сезона беа Керол Барнет и Џејн Фонда.

„Сите овие жени покажаа како да се живее животот“, вели Луис-Драјфус за нејзините гости. „Тоа не значи дека тие не правеле грешки, но има нешто во тоа што сте постари каде што можеби не се чувствувате толку заштитнички со споделувањето. И така, ја искористив интимноста што ја нуди поткастот. Таа достапност да се биде реален и да се биде отворен е одличен подарок“.

Помудри од мене продуцентот, Lemonada Media, најави втора сезона минатиот месец, а ќе дебитира следната пролет.

Одлуката на Apple доаѓа околу една недела откако Spotify ги откри своите списоци од најдобрите подкасти и музика за годината. Врз основа на популарноста  Џо Роган уште се држи врвот - но повеќе за Спотифај - подоцна. 


Стартер епизода:




Стани Дивотно

Comentários


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page