top of page

8 март 2023: Дали има поместување?

Годинешната тема на ОН за 8 март е: “DigitALL: Иновации и технологија за родова еднаквост“. Надвор од ОН настаните, се чини дека западната култура последнава деценија засилена од #metoo движењето се приклучи на осмомартовските прослави, и сепак излезе премногу „комуњарски“ - самото потсетување на неговото потекло го привикува социјал-комунистичкиот дух, па се префрли на „март: месец на женската историја“. Не треба многу повеќе од пребарување на овогодинешниве глобални прослави и настани за да се дојде до тој заклучок. Ние, пак, како Дива ќе ги земеме за сега и двата формати, бидејќи секоја можност да се зборува за феминизмот, е шанса да се разбие перцепцијата дека е агресивен, абразивен и штетен на автентичната македонска жена и нејзината улога, дури и во умовите на жени кои имаат пристап и до дигиталните алатки и со тоа информации. Имајќи го на ум тоа, секоја шанса да се подобри позицијата на жената, и во системот во кој е сместена како порцеланска фигурина, или измеќарка. А, тие промени секогаш почнуваат преку „менталитетот“ .


Ирена Цветковиќ деновиве ги „ловеше“ тие напади на кивање од болниот гореспоменат систем, и нѝ ја покажуваше флегмата за паметните комична, за срчаните трагична.



Како Македонија во 2023 го слави 8 март? Се чини дека ја надминавме помалку перверзаната потреба да ги деградираме жените од работничката класа кои се чувствуваа видено на тој ден со прославите по кафани, а кул дечките (кои денес се жалат дека феминизмот е агресивен и не по нивен вкус) ги коментираа нивните „сарми“ - фризури. Но, еве каде сме денес. НОБУ ја отвори темата за Денот на жената со поезија на Конески, фамозната „Убавите жени на мојот народ“ … се убави, но брзо прецветуваат (проблематична, но го сакаме Конески, па ќе го препишеме тоа на духот на времето).


Како контраст, Сима Бахус извршен директор на ОН жени, објаснува зошто пристапот до дигиталните алатки на жените е од витална важност, во дигитална ера, е аналогно со пристап до книги, или описменување (во современата дефиниција, писменоста ја вклучува и дигиталната писменост).

Жените и девојките имаат исто толку право на пристап до дигиталниот свет и да напредуваат во него како и мажите и момчињата. Нивната креативност, знаење и перспективи би можеле да обликуваат иднина каде технологијата ќе придонесе за трансформирање на општествените норми, засилување на гласовите на жените, притисок против онлајн вознемирувањето, спречување на продолжување на алгоритамските предрасуди и дистрибуција на придобивките од дигитализацијата како одличен врамнотежувач за постигнување на одржливиот развој.


Нашата визија за еднаквост, за тоа каков би можел да биде нашиот свет, за сите нас, може и ќе вклучува подеднакво уживање во плодовите на технологијата и иновациите без страв од насилство или каква било злоупотреба. Жените и девојките мора да бидат способни да се вклучат, создаваат, учат и работат, безбедно и продуктивно, на интернет или надвор од него, искористувајќи го максимумот од сите можности во секоја сфера од животот и во секоја фаза од неа, во образованието, во економијата, во општеството и во политиката. На сите ви посакувам многу среќен Меѓународен ден на жената.“


Меѓутоа, се чини не е сѐ така тмурно… Сепак самиот факт дека 8 март е "државен" празник, и дека дури и седмицата пред самиот ден е ден за кој се зборува, околу кој се оргнизираат патувања, попусти, букети, преполни парфимерии, цвеќарници, повикува на едноставно свеченост колку и да е изместена - сепак е нешто. Сепак не е комплетна штама. Тоа искрење дава прилика да се разгори оган на разговор, па и посериозни поместувања и промени. На социјалните медиуми доминатниот сентимент се чини дека сепак е - нема место за славење, време е за акција.


Јана Коцева изјави: „Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат доволно нивните потреби, институциите не ги заштитуваат доволно. Има напредок во донесување закони, иако некои се заглавени, но клучно е дека проблем е имплементацијата на политиките, институциите не ги спроведуваат како што е пропишано. Залудно е што декларативно имаме документи, кога нема промени“.


Таква акција организира Платформата за родова еднаквост, со маршот во 18 часот, на плоштадот Филип Втори, кој има тема „Ќе преживееме ли?“



Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page