top of page

Реакцијата на медиумите за загадувањето во Северна Америка е рефлексија на еколошкиот расизам


Секоја зима како што се качуваме на светскиот врв на листите на најзагадени градови во светот(Скопје и Тетово предничат), шокот е подеднакво ист и не се стишува. А вината секогаш ја бараме во нас самите и ја посочуваме накај „властите“ кои упорно ја игнорираат ситуацијата и дозволуваат да ескалира - со тоа ги доживувавме како хронична болест на која сме осудени, или како казна.

Но иако има и во тоа вистина - непринципиелноста, ситното и не толку ситното профитерство, неинвентивноста во наоѓање на решенија, придонесува овие проблеми да се трупаат со децении, а сепак, тие се само делче од мозаикот. Македонија, и Балканот се жртва на еколошки расизам... Затоа и Њујоршкиот Мед Макс момент дојде како изненадување дури и за нас.





Еколошкиот расизам е вид на расизам кој се однесува на нееднаквиот влијание на еколошките опасности врз луѓето од различни раси поради расистичка дискриминација во одлучувањето, насоките и спроведувањето на прописи и закони кои намерно или ненамерно ги оштетуваат поединците, групите или заедниците според расата.


Поимот „еколошки расизам“ започна да се користи во САД во 1960-тите години, а подоцна во 1980-тите години неговата дефиниција стана пошироко позната и употребувана и покрај тоа што е јасно дека тој постои многу подолго, уште пред да биде официјално дефиниран, поради долгата историја на Западот кој ги нормализирал расистичките концепти и верувања.


Еколошкиот расизам не е нов феномен, туку има длабоки корени во историјата и географијата. Некои примери за еколошки расизам се:


- Колонизацијата и експлоатацијата на природните богатства на домородните заедници во Америка, Африка, Азија и Австралија од страна на европските колонизатори.


- Сегрегацијата и апартхејдот во Јужна Африка и САД, каде што Црните и другите малцински групи биле принудени да живеат во зони со нисок квалитет на живот и висок степен на загаденост.


- Изградбата на индустриски комплекси, депонии, нуклеарни реактори и други опасни објекти во близина на заедници кои припаѓаат на етнички малцинства или социјално маргинализирани групи.


- Незаконската сеча на тропските шуми и уништувањето на биодиверзитетот во Амазонската прашума, Индонезија, Конго и други земји од страна на корпорации и мафии кои не ги согледуваат интересите на локалните заедници.


- Нерамномерната распределба на последиците од глобалното загревање и климатските промени, кои повеќе ги погодуваат земјите и регионите со нисок доход и кои се со слаб развој.



Загадената питка вода, нафтените цевки на земјата која припаѓа на домородни заедници, отпадните депонии во глобалниот југ и други начини на кои структурните недостатоци се одразуваат врз животната средина се начини на кој еколошкиот расизам се појавува и пројавува и со тоа не само што ги загрозува правата и достоинството на маргинализираните групи, туку и ги загрозува нивното здравје и опстанок.


Образованието, активизмот, уметничкиот израз, еколошки репарации и политики и меѓународни спогодби кои ќе гарантираат правда и одговорност се механизми кои можат да ја амортизираат направената штета.


Не е само оптимистично, туку и реално, да се држи позицијата дека можеме да донесеме промени ако сме свесни за неговите причини и последици и ако сме подготвени да се ангажираме за подобра и поправедна светска заедница. Еколошката правда, која се однесува на тоа дека сите луѓе имаат право на здрава и безбедна околина, без разлика на нивниот идентитет или положба, бара да се почитуваат правата и потребите на маргинализираните групи, да се вклучат во одлучувањето за нивната околина, да се компензираат за нанесената штета и да се поддржат во нивното општествено и економско оснажување. Еколошката правда исто така бара да се промовира одржлив и еколошки одговорен начин на живеење, кој ќе го зачува природното наследство за идните генерации.



Comentarios


bottom of page