Ник Кејв и неговите лоши семиња (Nick Cave & The Bad Seeds) одржаа емоционален настап на О2 арената во Лондон на 9 ноември, создавајќи незаборавен момент од турнејата кој го промовира извиканиот албум Wild God. Меѓу музичките изведби, беше и еден забавен момент што предизвика смеа и задоволство кај присутните. - нешто што не очекувате дека ќе се случи на концерт на Ник Кејв. Или бед сидс.
Турнејата на Бад Сидс оваа есен вклучува и неколку изведби во Лондон, а на вториот концерт, Кејв не пропушти да се зеза со своите бенд-колеги, поточно басистот Колин Гринвуд од Radiohead, кој го замени редовниот басист Мартин Кејси.
По неколку песни, Кејв направи пауза за да се пошегува со еден од фановите во првиот ред, кој носеше „ужасна Radiohead блуза“, како што ja нарече Кејв. Но, за да го заостри моментот, тој продолжи: „Што е уште полошо, имаш Бјорк маичка под нејзе!“ Оваа изјава на Кејв се проследи со смеа од бендот, а фронтменот веднаш додаде: „Ние ги сакаме и двајцата, нели, Колин? Ние го украдовме Колин.“
Публиката аплаудираше, а Гринвуд, кој веќе е долго време дел од бендот, едноставно се насмевнува.
Но, Кејв не застанал тука. За време на изведбата на една од нивните најпознати песни, Red Right Hand, Кејв се врати кон фановите во првиот ред и, гледајќи го истиот човек кој носеше „In Rainbows“ блузон, ги преработи стиховите со зборовите: „Ти сакаш уште една гадна маичка? Ќе ти ја купи Колин.“
Овој хумористичен момент беше само дел од една страствена и емоционална вечер, која имаше и многу музички врвови. Изведбите на песни како Wild God и Jubilee Street ја демонстрираа моќта и длабочината на новиот материјал, додека песните како White Elephant и Carnage додадоа на богатството на настапот. Особено трогателен момент беше посветен на поранешната соработничка на бендот, покојната Анита Лејн, со песната O Wow O Wow (How Wonderful She Is).
Comments