Кендрик Ламар не попушта со неговите позитивни шокови: тој повторно ги изненади фановите со издавањето на неговиот проект GNX, кој пристигна ненадејно минатиот петок. Видеото за песната „Squabble Up“ (почетниот сегмент веќе го слушнавме на Not Like Us спотот, и стана позната како „брокули песната“ : I woke up looking for the broccoli), втората на листата од албумот, се објави вчера, во режија на Калматик, со карактеристичниот визуелен стил кој го одликува Кендрик. Во видеото се преплетуваат културни и музички референци, вклучувајќи омаж на Nate Dogg, албумот Power на Ice-T, и хумористична книга насловена How to Be More Like Kendrick for Dummies. Цурите - како се позиционирани се прилично инспиративни. Поставената сценографија, која потсетува на спотот на The Roots за „The Next Movement,“ дополнително додава на симболиката што фановите веќе почнаа детално да ја анализираат. Филмичноста на спотот иако е веќе традиционален израз - повторно возбудува, самото внимание, енергија и обмисленост на секој кадар (девојка во трико со танга држи калашњиков свртена со грбот, покриените идентитети (лицата) на Бладз дечките - додека самиот Кендрик сега носи син блузон, итн, итн...)
Она што најмногу привлекува внимание е натписот кој се појавува на крајот од видеото – „Compton Christmas Parade.“ Овој елемент ги поттикна шпекулациите за можното учество на Кендрик на годишната парада во Комптон, која ќе се одржи на 14 декември. Ѕвездите како Jason Martin "Problem" и Compton Cowboys веќе се потврдени како главни гости, а прашањето останува дали Кендрик ќе биде следното изненадување.
Насловот „Squabble Up“ го привлекува вниманието со својата специфична двосмисленост. Во уличниот сленг, „squabble“ се однесува на караница или борба, но Кендрик го трансформира значењето во повик за социјална акција и личен развој. Музички, песната го користи семплот од култниот фристајл хит на Debbie Deb, „When I Hear Music“. Овој избор додава енергична електро-фанк динамика на траката, создавајќи звучен мост меѓу 80-тите и современиот хип-хоп. Семплот е вешто вграден во песната, давајќи ѝ на композицијата слоевита текстура и чувство на носталгија.
Жанровски, „Squabble Up“ е автентичен пример на фузија на стилови. Траката комбинира електро елементи, фанк енергичност и модерни хип-хоп ритми, поставувајќи платформа за карактеристично моќниот лиризам на Кендрик. Ритмичките промени се суптилно синхронизирани со текстовите, а продукцијата, предводена од pgLang, ја истакнува чистотата и техничката прецизност на звукот. Ритмичкиот дел, облагороден со храбри промени во темпото, ги истакнува текстовите што ги комбинираат лирските референци на албумите good kid, m.A.A.d city и To Pimp a Butterfly. Оваа сложеност, проследена со беспрекорна продукција (потпишани се по пет продуценти на секоја од песните) се потврдува дека Кендрик останува технички иноватор и уметник кој одбива да се придржува кон очекуваните музички формули. Како ученик на др.Дре кој го нарече своевремено „научник“ кога ја носи продуцентската капа, сосема очекувано.
GNX – нов албум кој руши рекорди и поставува нови стандарди
GNX е петтиот студиски албум на Кендрик Ламар и веднаш по неговото ненадејно објавување, започна да доминира на музичките платформи. Албумот постави рекорди на Spotify и Apple Music за најслушан албум во првите 24 часа, додека критичарите го нарекуваат „ремек-дело кое совршено го доловува балансот меѓу иновација и почит кон неговите корени.“
Фановите реагираат со ентузијазам на комплексните текстови и уникатниот музички стил кој GNX го носи, а песните како „Not Like Us“ и „Squabble Up“ веќе се сметаат за потенцијални добитници на Греми. Овој проект ја потврдува доминацијата на Кендрик како еден од највлијателните уметници во современата музика.
Comments