14.11.24, во 18:00
првото издание на музичкиот фестивал
Скопје, 30.11.23;
Во просторот на Планетариумот на Младинскиот културен центар (МКЦ), наскоро ќе се одржи настанот „Skopje Space Jam“, првото издание на музичкиот фестивал кој предвидува да им донесе на посетителите музички светови, ѕвезден звук и астрофотографии.
Програмата за ова издание изгледа впечатливо, со изведби на:
19:00 - 19:45: Ема Ананиевска
20:00 - 20:45: Алембик
21:00 - 21:45: Ата
Во дополнение, настанот ќе биде и простор за уживање во уметнички аспекти на универзумот со изложба на астрофотографии од Ѕвездица Алексоска.
Влезниците, наскоро ќе бидат во продажба во билетарницата на МКЦ.
Овој проект е со поддршка од Град Скопје.
Запомнете, „it's gonna be full of stars!“ Не заборавајте да го резервирате вашиот билет и да се придружите на ова уникатно космичко музичко искуство во срцето на Скопје.