top of page

ПМГ Танц Дигитал, журка, Андреја Салпе, Виолета Качакова, Мирко Попов, ПМГ, Стара чаршија

14.11.24, во 18:00

лом музика, партали журка.

За љубителите на урбаната култура и ноќниот живот, ретко има причина за поголемо возбудување од отворањето на нов простор за изразување на танцовата страст:).



PMG Tanz Digital најавува - ќе бидат домаќини во волшебниот простор во Старата Чаршија, нудејќи ни нешто што може да биде ренесанса на клупската сцена во нашиот град.

Ноќта ќе ја отворат (и затворат) три врвни ТАНЦ ДИЏЕИ кои се веќе добро познати на фановите на квалитетниот електронски звук: Мирко Попов, Виолета Качакова и Андреја Салпе.



Секој од нив претставува свој уникатен музички израз кој е гаранција за вечерта.

Мирко Попов, со своите еклектични сетови, е вистински маестро на пултот.

Виолета Качакова, позната по својата способност да ги води слушателите на емотивно патување преку музиката, и Андреја Салпе, чиј стил несомнено додава нова димензија на клупската сцена, ќе бидат капетаните на Танц дигитал бродот.



Отворањето на новиот клуб, кој се наоѓа веднаш спроти поранешниот Дамар, ветува повеќе од вообичаенот искачање у град: ветува искуство кое резонира со златните денови на Капан Ан пред десетина години. За оние кои не беа дел од таа епоха, ова е шанса да ја почувствуваат истата енергија која ги оживе најдобрите ноќи во градот.



Организаторите ветуваат "ЛОМ МУЗИКА" Оваа ветувачка фраза кажува се́ што треба да знаете, па земете ги танцовите црвени чевлички и трк

на PMG Tanz Digital Party.

Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page