top of page

14.11.24, во 18:00

Ревијата на македонскиот филм ќе се одржи во три дела: филмски, музички и културно-деловен сегмент.


Од 14 до 16 ноември 2024 година, љубителите на културата во Белград ќе имаат ретка можност да уживаат во Српската ревија на македонскиот филм – тридневен настан исполнет со македонски филмски класици, современи филмови, музички изведби и ексклузивни средби со авторите. Со програмата што го слави најдоброто од македонската култура, овој настан не само што ги спојува уметничките визии на Балканот, туку и го зајакнува културниот мост меѓу двете земји.

Програма на Ревијата

На ревијата ќе бидат прикажани македонски документарни и краткометражни филмови, а централна точка на отворањето ќе биде светски познатиот документарец „Медена земја” од Тамара Котевска. Освен филмските проекции, посетителите ќе имаат можност за музички и културно-деловен дел, проследен со настапи на познати македонски музичари.

Ден 1 – 14 ноември (четврток)

  • 19:00 ч. – Филмски новости и проекција на „Медена земја“

  • Разговор со Тамара Котевска

  • Коктел-забава со настап на бендот Пијан Славеј и дегустација на вина од Тиквеш и сирења од Кораб Трница

Ден 2 – 15 ноември (петок)

  • 17:00 ч. – Мастер клас со Тамара Котевска

  • 19:30 ч. – Филмски новости и проекции на филмовите „Дае“ и „Тетовирање“ од Столе Попов

Ден 3 – 16 ноември (сабота)

  • 17:00 ч. – Проекции на наградувани краткометражни филмови, вклучувајќи ги „Северен Пол“ (Марија Апчевска) и „Бубачки“ (Игор Иванов)

  • 19:30 ч. – Финале со проекција на „Панкот не е мртов“ и разговор со режисерот Владимир Блажевски, проследен со коктел и музика од Игор Василев Новоградска


Македонската Музика на Сцената

Посебен дел од ревијата е посветен на македонската музика, со настапи на Пијан Славеј и Игор Василев Новоградска. Овие артисти ќе го збогатат искуството со уникатни музички перформанси, пренесувајќи го духот на Македонија и низ музиката.

Важни Партнери и Поддржувачи

Настанот е поддржан од Министерството за култура на Србија, општината Стари Град, Филмски центар Србија, Кинотека на Северна Македонија, Амбасадата на Северна Македонија и деловни партнери кои го овозможија овој културен фестивал.



Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page