top of page

Мартина Спасовска, прегрнати лузни, изложба

14.11.24, во 18:00

Изложба која размислува за длабочината и значењето на лузните како уметнички израз и средство за саморазбирање.

Скопје, 3 септември 2024 – Центарот за современи уметности во Скопје ќе биде домаќин на изложба насловена „Прегранати лузни“ чиј автор е уметницата Мартина Спасовска.


Отворањето на изложбата ќе се одржи на 3-ти септември, во 20 часот во мобилната/монтажна галерија во паркот на Франкофонијата.

Изложбата, која ќе биде отворена до 15 септември 2024 година, претставува инсталација од отпаден текстил, која истражува и претставува човечкото тело како главен елемент на уметничкиот израз. Спасовска продолжува да го проучува концептот на човечката идентификација преку мотивите на лузните – како физички и симболички белези кои ги обележуваат нашите тела и искуства.


Со оваа изложба, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со длабочината и значењето на лузните како уметнички израз и средство за саморазбирање, размислување за улогата на лузните во нашето перцепирање на себе и на другите.


Уметничко - просторната инсталација на Мартина Спасовска претставува проект што го истражува концептот на лузните како симболи на човечките искуства. Користејќи големи платна што висат од таван до под, уметницата создава интерактивен простор во кој публиката може да се соочи со своите лични и универзални искуства.  
Инсталацијата вклучува висечки скулптури од отпаден текстил кои се обработени на начин што им придава изглед на различни видови лузни. Преку оваа визуелна интервенција, Спасовска ги истражува како физичките така и емоционалните рани прифатени како дел од нашата животна приказна. Секоја лузна на платното носи со себе уникатна приказна – било да се работи за суетни флеки или изразени белези, кои симболизираат различни аспекти на нашите искуства и животни моменти. 
Инсталацијата не само што ги прикажува лузните, туку и ги истражува нивните длабочини и значења. Разновидноста на текстури, од мазни и еластични до груби и рапави, служат како метафора за различните начини на кои нашите искуства и предизвици го обликуваат нашиот идентитет.  
Интеракцијата на публиката со инсталацијата, поминувајќи помеѓу скулптурите, создава можност за размислување и прифаќање на сопствените несовршености.  
Спасовска преку својата работа не само што ја истражува уметноста на лузните како физички белези, туку и ја поттикнува публиката да размислува за начинот на кој тие лузни, било да се видливи или невидливи, играат клучна улога во обликувањето на нашите животи и идентитет.  - Анита Ивковиќ 

  

Мартина Спасовска е млада визуелна уметница, дипломирана на Факултетот за Ликовни Уметности во 2023 година со насока сликарство. Нејзините дела се насочени кон истражување на емоционалните состојби на човекот, користејќи го човечкото месо како централен мотив. Со своите дела, таа ги испитува прашањата за идентитетот, комбинирајќи страв, емпатија, деликатност, ранливост и моќ. Мартина има учествувано на бројни групни изложби низ Македонија, Англија, Њујорк, Австрија, Грција, Косово и Турција, а својата прва самостојна изложба ја реализираше во 2023 година во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page