top of page

Вања Штркова, изложба

14.11.24, во 18:00

На 3 септември 2024 година, во Продажниот ликовен салон во Културно-информативниот центар во Скопје, љубителите на уметноста ќе имаат прилика да се запознаат со најновата самостојна изложба на македонската уметница Вања Штркова, означена со интригантниот наслов „Мали настани, обични работи, скршени и реконструирани“. Изложбата ќе биде отворена до 14 септември, нудејќи уникатна перспектива на привидно обични, но сѐуште значајни моменти во секојдневниот живот.Вања Штркова, родена во 1987 во Скопје, дипломирала на академијата за графички дизајн „Александрија“ и моментално работи како графички дизајнер во агенцијата New Moment. Таа е позната по својата способност да забележи и трансформира секојдневните моменти и предмети во допадливи, минималистички, но и впечатливи визуелни дела.

 Штркова учествувала во една самостојна и повеќе групни изложби, а нејзините дела често рефлектираат на животот во неговата најосновна форма – од емотивното до физичкото.


Оваа последна колекција се фокусира на „малите настани“ кои секој дан го прават нашиот живот значаен и интересен. Вања се инспирира од својот внук Рубен, чие доаѓање ѝ помогнало повторно да ги осмисли и разбере малите радости во животот. Токму тој нов начин на гледање е што таа сака да го сподели со своите посетители на изложбата.



„Мали настани, обични работи, скршени и реконструирани“ претставува подбрана серија од слики кои се карактеризираат со емоционалност и наративна длабочина. Визуелната естетика на Штркова е моќно проникнување во дневната рутина, каде што обичните предмети и сцени се трансформираат во изразни и богати уметнички дела.




Уметницата има потреба да користи бои, искуства и емоции за да слика, оволку поради лична потреба, колку и за да сподели своето видување со другите. Она што може да се види на нејзините дела не се само бои, туку и живо(то)пис.


Вања Штркова (родена 1987 година во Скопје) е графички дизајнер која работи во агенцијата New Moment во последните 5 години. 
Пред оваа изложба, Вања има една изложба во 2016 година насловена „Life”. 

Нејзиниот најнов проект, изложбата „Мали настани, обични работи, скршени и реконструирани“, претставува серија на уметнички дела и слики инспирирани од секојдневните мали работи, мали разговори, мали моменти кои му даваат една значајна нота на животот. Во брзината и перфекционизмот кон кој секојдневно се стремиме, Вања со оваа изложба фрла светло на детското, на несовршеноста, на искривената линија... со други зборови, нѐ става во ситуација да го погледнеме детето во нас, да се фокусираме на сегашноста и ја истражува темата на малите и често неприметливи моменти во животот кои се претворени во визуелни наративи. Овој проект е посветен на нејзиниот внук Рубен, кој со неговото доаѓање го изврти погледот на битните и небитните работи во животот. 
Со модерниот стил и интензивната употреба на бои, делата на Вања Штркова нудат нов поглед на обичните, но важни аспекти на секојдневието, пренесувајќи чувство на мир во моментот во кои се играат нејзините слики. - ЈУ Културно информативен центар - Скопје

Вања Штркова го предизвикува посетителот да забави, да размисли и да го цени секој момент, без разлика колку мал или обичен може да изгледа. 




Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page