Епизода 4: Танц со Лени Гелева
Во оваа епизода ќе разговараме со Лени Гелева, која ниту го гледа ниту го живее животот надвор од уметноста, како детето Наташа стана Лени, за идентитетите, за инспирациите, за сродните души и жените херои, за клупските сцени во Скопје и Берлин и патувањата: од Лондон до македонските села.
Брза кучка, епизода 4;
Танц со Лени Гелева
Учесници:- Дива Лига (Ана Чушкова) - водителка и основач на поткастот- Лени Гелева (Наташа Гелева) - гостинка, фотографка, танцувачка, и уметница.
Во оваа епизода ќе разговараме со Лени Гелева, која ниту го гледа ниту го живее животот надвор од уметноста. Тој поглед го споделува со нас преку фотографијата, јазик преку кој најдобро ја знаеме, покрај танцувањето. Како детето Наташа стана Лени, за идентитетите, за инспирациите, за сродните души и жените херои, за клупските сцени во Скопје и Берлин и патувањата: од Лондон до македонските села..Дискусијата се фокусира на искуствата на Лени како жена уметник, нејзините инспирации и процеси на работа.
01:00 - Од дете до уметник: “За почеток да продолжиме”
03:09 - Лени оди во Берлин
07:30 - Феминизмот и идентитетот: Феминизмот и другите жени
13:11 - „Ситуации кога луѓе беа збунети дали сум женско или машко“
17:33 - Носталгија за клупската сцена
27:14 - Идентитет и фотографија
57:44 - Соработка и амбиции
01:04:04 - Домашната уметничка заедница може да научи нешто за заедништво
01:12:34 - Не сум мајка и сум скроз ок со тоа: За колумнаta на Мери Јордановска Кога „бездетната“ женска статуа би можела да проговори
Ресурси и линкови:
Берлинските клубови:
„Фотографијата која ме инспирира - моето омилено прашање.“
Вивијан Мајер беше американска улична фотографка која стана позната постхумно. Нејзините дела, кои вклучуваат повеќе од 150.000 фотографии, ги документираат животите на луѓето и архитектурата на Чикаго.
Дајан Арбус беше американска фотографка позната по нејзините интимни црно-бели портрети на луѓето на периферијата на општеството. Таа истражуваше прашања поврзани со идентитетот.
Клод Кахун беше надреалистички фотограф чие дело ги истразуваше родовите идентитети и подсвеста. Таа често се фотографирала во различни маски и костими, предизвикувајќи го традиционалниот поглед на полот.
Франческа Вудман беше американска фотографка позната по нејзините црно-бели самопортрети и експериментална работа со времето на експозиција и движењето, често користејќи го сопственото тело или модели за да создаде уметнички фотографии.
Кога си бевме Endeneu сликавме фотки кои уште ги зборуваме.
Жените во нашата заедница: Тина Тодороска Петреска во Охрид прави чуда; Повеќе за ИНКА Струга.
Кои се МОМИте, како изгледаше „Мајкинство“
Женската уметност отсликува посебен сензибилитет и перспектива која често е пренебрегната или маргинализирана во традиционално доминираните машки уметнички сфери.Почесто се темели на интимни и лични искуства, притоа истражувајќи теми како идентитетот, телото и родовата динамика; овозможува разновидност и комплексност во уметничкиот израз, допринесувајќи кон поголемата инклузивност и разбирање на различни животни искуства.- Женската уметност често ја адресира нееднаквоста и бара социјална правда, овозможувајќи дебата и промени во општеството. Тоа го прави дури и кога не го бара отворено.
Заклучок на Епизодата:Епизодата успешно го прикажува значењето на женската уметност и нејзиниот уникатен придонес кон културната панорама. Разговорот меѓу Дива Лига и Лени Гелева е инспиративен пример за потребата од поддршка и разбирање во уметничките заедници, особено кај жените кои се занимаваат со уметност. Слушањето и признавањето на женските гласови во уметноста е круцијално за создавање на еднакво за сите, и содржајно богато општество.
Повеќе за Лени и нејзината фотографија: NeuErotik.com (cargocollective.com) и на Facebook.
Транскрипција на епизодата: