top of page

Борче Панов, промоција, Анатомија на небото

22.10.24, во 18:00

Поетска рефлексија за човекот и божествената креација на 25. октомври во Скопје*

На 25 октомври 2024 година, со почеток во 19:19 часот, во Салон Империјал 2, ќе се одржи промоција на новата поетска книга „Анатомија на небото“ од Борче Панов. Промотор на настанот ќе биде Даниела Андоновска Трајковска.





„Анатомија на небото“ е седумнаесетта по ред поетска книга на Борче Панов и претставува длабока и рефлексивна поезија која истражува човековото постоење и неговата врска со божественото. Книгата, во која се спојуваат индивидуалното и колективното Јас, нуди уникатен поглед на хуманистичко-деистичките концепти и ни помага да разбереме како нашите искуства влијаат на нашата свест. Борче Панов, роден во Радовиш и дипломиран филолог, е познат по својата поезија која е преведувана на повеќе јазици и застапена во бројни антологии низ светот.


Како член на Друштвото на писатели на Македонија и претседател на меѓународната книжевна манифестација „Караманови средби“, Панов е значајно име во современата македонска литература.

bottom of page