14.11.24, во 18:00
Хајка со концерт ќе го затворат фестивалот ,,The comeback is real!"
Скопје оваа година повторно ќе биде домаќин на четвртото издание на Младинскиот Филмски Фестивал (МФФ4), кое ветува филмски и музички настани распоредени во периодот од 30 август до 1 септември. Фестивалот годинава ја најавува својата најсилна програма досега, насочена кон филмаџиите но и посетителите на културни настани воопшто.
Програмата за овогодишниот МФФ4:
Петок, 30 август:
Вечерта ќе започне со свечено отворање во Кинотека во 20:00 часот, по што следува главната филмска програма која ќе ја одреди нотата за фестивалските денови што следуваат. За љубителите на ноќниот живот и музиката, програмата продолжува во Лабораториум со старт во 22:30 часот.
ПЕТОК
КИНОТЕКА / CINEMATHEQUE (МИРНО ЛЕТО)
20:00 ОТВОРАНЬЕ / OPENING
20:30 ФИЛМСКА ПРОГРАМА / FILM PROGRAM
ЛАБОРАТОРИУМ / LABORATORIUM (TEPACA)
22:30 МУЗИЧКА ПРОГРАМА / MUSIC PROGRAM
Сабота, 31 август:
Филмската програма продолжува во Кинотека со почеток во 20:30 часот. Подоцна таа вечер, посетителите ќе имаат уникатна можност да уживаат во филмови под отворено небо во Синестетика, почнувајќи од 22:30 часот.
КИНОТЕКА / CINEMATHEQUE (МИРНО ЛЕТО)
20:30 ФИЛМСКА ПРОГРАМА / FILM PROGRAM
СИНЕСТЕТИКА (ЛЕДИНА ШАМАК, ВОДНО)
22:30 ФИЛМСКА ПРОГРАМА / FILM PROGRAM
Недела, 1 септември: Завршната ноќ на МФФ4 ќе започне со последната филмска проекција во Кинотека во 20:00 часот, потоа следува церемонија за затворање. Фестивалот ќе се затвори со голем концерт во Лабораториум, започнувајќи во 22:00 часот.
КИНОТЕКА / CINEMATHEQUE (МИРНО ЛЕТО)
20:00 ФИЛМСКА ПРОГРАМА И ЗАТВОРАЊЕ /
FILM PROGRAM AND CLOSING CEREMONY
ЛАБОРАТОРИУМ / LABORATORIUM (ХАЛА)
22:00 КОНЦЕРТ / CONCERT
Билетите стануваат достапни од утре и може да се купат во Лабораториум. Младинскиот Филмски Фестивал не само што пружа платформа за нови уметници и творци, туку и создава можност за културна размена помеѓу домашната и интернационалната публика.
Организаторите на МФФ4 се особено возбудени за оваа година, а Хајка велат да ги спремите колковите - сè е подготвено за вистинско „шизење“.