top of page

изложба, Неименувана, Дума ин сума, феминизам, женски истории

14.11.24, во 18:00

Изложба која ги претставува хероините од македонската историја под ново светло.

Во културниот простор КСП Центар Јадро, ќе се одржи единствена изложба која ги претставува хероините од македонската историја под ново светло.



"Неименувана" е изложба која ја оживува традицијата на раѓањето на бајките, сега испишани со модерен пресврт.


Млади авторки, водени од менторската тријада на „Дума ин Сума", ги претставуваат своите дела на 17 април, носејќи ги посетителите во светот на волшебните приказни инспирирани од истакнати македонски жени.


Под менторство на компаратистките Марија Бошковска, Ивана Смилевска , десет средношколки се нурнаа во уметноста на креативното пишување. Тие раскажаа приказните на македонските хероини кои често остануваат во сенка на историската сцена: Партизанката Вера Јоциќ, архитектката Мимоза Несторова Томиќ, режисерката Билјана Гарванлиева, уредничката на списанието „Македонка“ Веселинка Малинска, и партизанката Мара Нацева - Анка, се само некои од жените чиишто животи и дела стануваат главни ликови на овие современи бајки.


Поврзано: Приклучете се на „Неименувана“


Заинтересираните посетители ќе имаат можност да проследат текстуалните инсталации визуелно уредени од Алексовски, како и да земат примерок од мини фанзините со бајките. По изложбата, инсталациите ќе бидат дарувани на институции чие име и дело одекнало со дејствувањето на овие хероини.Текстуалните инсталации ќе послужат како патокази до целосните верзии на бајките преку QR кодови и ќе бидат достапни онлајн, што овозможува нивно понатамошно ширење.


Проектот е резултат на петдневна работилница за креативно пишување во "Лабораториум", каде што учесничките истражуваа литературата и интернет содржините со цел да откријат и подигнат глас за женското искуство и неговата важност низ историјата.



Овој настан е поддржан од германското Министерство за надворешни работи и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), со цел да го поттикне признавањето и вреднувањето на женските придонеси кон македонската историја и култура, кои традиционално се занемарувани во формалното образование.


Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од оваа чаробна вечер на "Неименувана" и да се познавите со македонските хероини низ филтарот на креативноста и младоста на нивните нови раскажувачи.


Работилницата беше под менторство на компаратистките Марија Бошковска, Ивана Смилевска

bottom of page