top of page

„Поетиката на периодиката“ - Работилница за креативно пишување за млади



„Дума ин сума“ продолжува со својата мисија да ги инспирира младите умови преку серијалот бесплатни работилници за креативно пишување. Овој пат, новата работилница „Поетиката на периодиката“ ќе се о држи на 17, 18, 19 и 24 јуни во КСП Центар Јадро, и е наменета за млади од 14 до 19 години.


Во текот на четирите дена, учесниците ќе имаат можност да истражуваат нефикционални книжевни форми и минати, подзакриени реалности. Работилницата ќе ја водат искусните ментори Ивана Смилевска, Марија Бошковска и Дарко Алексовски, кои ќе ги водат младите умови, низ лавиринтот на весници, колумни, интервјуа, репортажи, патописи, стрипови и многу повеќе.


Работилницата ќе ја водат искусните ментори Ивана Смилевска, Марија Бошковска и Дарко Алексовски.

Форуларот за учество можете да го најдете ОВДЕ.


Почитувани,
„Дума ин сума“ продолжува со серијалот бесплатни работилници за креативно пишување со млади од 14 до 19 години.
По „Пиши-бриши… само не оставај на HYPERLINK "https://dumainsumma.com/minati-rabotilnici" seen HYPERLINK "https://dumainsumma.com/minati-rabotilnici"“, „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“ и „Неименувана“, сега следува најновата работилница - „Поетиката на периодиката“.
Работилницата ќе се одржи на 17, 18, 19 и 24 јуни во КСП Центар Јадро, а ќе се истражуваат нефикционални книжевни форми и минати, потскриени реалности. Сите заинтересирани можат да се пријават преку пополнување на формуларот за учество.
„Весници, весници… Распустот е добро време да се влезе во филм, па ‘Дума ин Сума’ реши да влезе во еден од Александар Ѓурчинов… Колумни, интервјуа, репортажи, патописи, стрипови, вицови, ‘Драга Таа’... Летните распусти секогаш нѐ прават копнежливи по топлите пладниња во кои читавме броеви од списанија и магазини што носеа новости и актуелности од светот, постери, квизови и бламажи“...
На работилницата одблиску ќе се истражуваат нови, скриени светови полни со ретки и минати сериски публикации, периодики, разгледници, ракописи, фотографии, а ќе се листаат и магазини, списанија за интернет и гејминг, спорт, технологија, природа, астрономија, книжевна критика и уметност.
„Ќе се прошетаме низ поетиката на одделот за периодика во Градската библиотекa ‘Браќа Миладиновци’, а пријавените ќе добијат едногодишно членство во библиотеката, бидејќи знаењето треба да е подеднакво достапно за сите“,

...

По многу читање, пишување и патување, работилницата ќе биде заокружена со уредување на текстови /дигитално и аналогно/, кои потоа ќе може да се прочитаат во печатено списание од млади за млади, достапно и онлајн. Воедно, со оваа промоција ќе одбележиме и една година активно споделување кирилица“, -Дума ин сума



Учесниците ќе имаат можност да се прошетаат низ поетиката на одделот за периодика во Градската библиотекa „Браќа Миладиновци“ - Скопје, каде што ќе добијат едногодишно членство. Оваа работилница ќе им овозможи на младите да се здобијат со вештини за креирање, уредување и објавување на свој авторски текст онлајн и во печатена форма, користејќи платформи како WordPress и AI-базирани алатки.


Работилницата ќе заврши со уредување на текстови кои ќе бидат објавени во печатено списание од млади за млади, достапно и онлајн. Оваа активност е поддржана од Министерството за култура преку конкурсот „Цртај на македонски јазик“ 2024.

Commenti


bottom of page