Почетна » Нега » Природна храна » Зошто треба да јадеме моркови

Зошто треба да јадеме моркови

Природна храна

Покрај тоа што се вкусни, морковите имаат многу здравствени придобивки за телото и кожата. Морковите содржат бета-каротен, кој му помага на имунолошкиот систем на телото, го подобрува дигестивниот систем и помага при раст на забите, коските и косата.

Покрај здравствените придобивки, морковите се одлични за нега и убавина на кожата на лицето и телото.
Издвојуваме неколку причини зошто е значајно да се косумира моркови:
Спречуваат стареење – Морковите се богати со бета-каротин и богатство на анти-оксиданси кои се борат против знаците на стареење.

1335274968183_ORIGINAL

Спречуваат појава на акни – Дерматолозите тврдат дека со почесто внесување на свежите моркови во исхраната, кожата се заштитува од појава на акни.
Мазна кожа – Едноставни маски за лице подготвени од свежи изрендани моркови и помагаат на кожата да остане мазна и нежна.