Почетна » Сештоманија » Интернет » Зошто Селена Гомез е најследената личност на Инстаграм?

Зошто Селена Гомез е најследената личност на Инстаграм?

ИнтернетМузика

Селена Гомез во март годинава стана најследената жена на Инстаграм, оставајќи ја со тоа на второ место нејзината најдобра пријателка Тејлор Свифт.

Еве зошто оваа млада успешна девојка со своите само 23 години ги соборува рекордите и привлекува се повеќе луѓе на нејзиниот Инстаграм профил.

– Селена често нуди можности за да се добијат купони за попуст од најразлични места.
– Секоја недела Гомез кани по некоја славна личност на нејзиниот профил. Најчесто постира слики со други славни личности во недела и денот има добиено име „Selena’s celebrity Sunday“ или „Недела со славни личности на Селена“.
– И таа ги следи своите фанови.
– Не издава што се случило во филмови кои ги немаат сите гледано.
– Подари картички од 15 долари за „iTunes“ на обожавателите од родниот Тексас.
– Фановите и се едно од најдрагите нешта на светот.

А дека покрај тоа што е мила и прекрасно изгледа, таа е и многу талентирана, се гледа и од нејзината најнова песна „Feel Me“, за која пак се шпекулира дека текстот е за нејзиното поранешно момче Џастин Бибер.