Почетна » Љубов » Романтика и врски » Зошто некои жени сакаат постари мажи?

Зошто некои жени сакаат постари мажи?

Романтика и врски

Кога некоја млада жена е во романтична врска со повозрасен маж, луѓето веднаш претпоставуваат дека во таа врска и двајцата добиваат нешто што не е љубов. Такви претпоставки правиме зашто возраста ја поистоветуваме со моќ и пари, но тоа не се најчестите причини за овој вид врска.

Според терапевтот за брак и семејство, д-р Пол Хокмајер, „Вистината е дека постарите мажи имаат зрелост, грациозност и достоинство. Тие ги ценат своите помлади партнерки и ги третираат со поголема почит.“ Ова, секако е привлечно за младите жени, на кои им е смачено од нарцисоидното адолесцентно однесување кое често се среќава кај помладите мажи.

Покрај тоа, постарите мажи најчесто се посамоуверени, зашто се на возраст кога многу ги вреднуваат работите како љубов и семејство, и се покоцентрирани на нештата кои се навистина важни во животот. „Таа зрелост не е поврзана со финансискиот успех- таа доаѓа едноставно од тоа што се на едно безбедно место во својот живот зашто подолго опстојувале на светот,“ додава Хокмајер.

Тука е и биолошкиот аспект. Жените се многу интуитивни: Тие знаат што ценат, што им треба и се природно надарени да ги добијат тие работи.

„Помладата жена која е зрела за нејзина возраст може да сака деца, па биолошки, има смисла да се интересира за маж кој има ресурси за да ја обезбеди неа и децата,“ вели психологот д-р Купер Лоренс.

Во врска со мислењето, пак, дека жените кај постарите мажи всушност бараат замена за таткото, еве што вели за тоа д-р Лоренс: „Клишето дека младите девојки бараат татковска фигура кога излегуваат со постари мажи повеќе има врска со тоа дека го имитираат однесувањето на мајка си, отколку да го заменат таткото кој го изгубиле.“

Без оглед на причините, кога и двата пола знаат што сакаат во една врска, тоа е показател на емотивна зрелост и добра основа за нејзин успех.