Почетна » Џет сет » Ројал » Зошто кралицата Елизабета Втора слави два родендени?

Зошто кралицата Елизабета Втора слави два родендени?

Ројал

Со кралска парада и големи почести, пред бројна публика, денеска Кралицата Елизабета Втора го одбележа својот 90-ти роденден. Кралското семејство, меѓу кои и нејзината правнука, 13-месечната принцеза Шарлот, по традиција од балконот на палатата, го гледаа и прелетувањето на авионите од кралската авијација.

Навистина прекрасен сончев ден за кралска парада, а токму во тоа и се крие тајната на нејзиниот успех. Во суштина, роденденот на кралицата е во април, но покрај тој ден, таа го слави роденденот и во некоја сабота во јуни, во зависност од временската прогноза. Заради непредвидливото време во Британија, монарсите често одбирале друг ден, во мај или јуни за да ја направат парадата во чест на својот роденден. На пример, и Едвард Седми бил роден на 8-ти ноември, роденденот секогаш го одбележувал во мај или јуни месец. Во секој случај, среќен задоцнет роденден, Ваше височество!