Почетна » Семејство » Во брак » Мажите потешко го поднесуваат животот без потомство

Мажите потешко го поднесуваат животот без потомство

Во бракОд негов агол

Иако поголем притисок од околината паѓа врз жените за да имаат деца, сепак мажите можат да се чувствуваат полошо и поосамено ако не се родители.

Ова откритие било презентирано на годинешниот состанок на британското социолошко друштво во Лондон, од страна на Роби Хедли.

Анкетата во која учествувале 27 мажи и 81 жени кои не се родители, покажале дека мала е разликата помеѓу мажите и жените кои изјавиле дека сакаат деца. Меѓутоа, половина од испитаните мажи одговориле дека се осамени затоа што не се родители, додека така одговориле само четвртина од жените.

Во споредба со жените, овие мажи често чувствуваат љубомора кон другите родители, истот така и тага, лутина и депресија.

„Мал број истражувања се направени за тоа колку мажите сакаат да бидат родители. Ова може да ја доведе во прашање општоприфатената идеја дека жените повеќе сакаат да имаат деца и страдаат од депресија доколку не се мајки“, изјавил Хедли.

Во една област на ова истражување жените сепак ги „победиле“ мажите, а тоа е чувството на вина. Ние еден од мажите кои сакале деца, а не станале родители, не се чувствувале виновни поради тоа, а од жените 16% одговориле потврдно.

Во друга анкета на Хедли, која опфатила 125 личности, открил дека жените кои посакуваат деца чувствуваат лутина, депресија, се изолираат и се тажни затоа што не можат да го остварат тоа, а процентот е поголем отколку кај мажите. Во истражувањето учествувале личности кои од најразлични причини не станале родители. Едните одбрале да немаат деца, другите се соочиле со неплодност или со проблеми со работата и финансиите.