Почетна » Нега » Коса » Здрава и негувана коса на природен начин

Здрава и негувана коса на природен начин

Коса

Јајца, јогурт и мед се одлични состојки за убав појадок, но со нив исто така можете да направите вашата коса да изгледа прекрасно.

Следниот пат кога на вашата коса ќе и биде потребен третман за разубавување, погледнете што имате во фрижидерот, а еве неколку рецепти кои добро ќе ви дојдат.

За сите видови коса

Едно јајце можете да употребите како кондиционер, само белката ќе ви помогне да ја регулирате мрсната коса, а само жолчките ќе ја вратат сувата коса во живот. Каков проблем и да имате со вашата коса потребната мешавина од јајце нанесете ја на скалпот, оставете ја дваесетина минути, а потоа исплакнете со ладна вода па нанесете шампон.

За скалп кој постојано ве чеша

Ако сакате да си помогнете во борбата против првутот, мешавина од маслиново масло и сок од лимон е вистинскиот начин. Промешајте две лажици свеж сок од лимон, со две лажици маслиново масло и две лажици вода. Потоа измасирајте го скалпот со мешавината и оставете да постои дваесетина минути. Откако ќе го направите тоа, исплакнете ја косата и нанесете шампон.

За сува и оштетена коса

Доколку вашата коса е дехидрирана и оштетена од сонцето или апаратите за обликување, медот ќе ви помогне. На влажна коса нанесете една до две лажици мед и оставете ја така околу дваесетина минути. Потоа исплакнете ја со топла вода. Исто така во медот можете да додадете и една до две лажици маслиново масло, кое ќе го разреди медот и така ќе можете полесно да го нанесете. Доколку за вашата сува коса нема спас, пред да го нанесете медот додадете авокадо или жолчки од јајца.