Почетна » Сештоманија » Интернет » Зависноста од Интернет е ментална болест?

Зависноста од Интернет е ментална болест?

Интернет

Според новите американски истражувања, нервозата и вознемиреноста се симптоми на зависност од Интернет во ситуации кога корисникот не е „онлајн, поради што истата се класифицира и како ментална болест.

Иако современите луѓе често реагираат дека докторите претеруваат кога сакаат да третираат секакви појави, сепак тие се повикуваат на некои факти што се заклучени во досегашните научни трудови на оваа тема. Официјалното име околу кое психијатрите се согласиле упатува дека станува збор за психичко пореметување (Internet Use Disorder – IUD), а како и за секој друг медицински дијагностициран проблем, потребен е третман за лекување.

Според дефиницијата на асоцијацијата на американски психијатри, „IUD“ претставува зависност од онлајн игри. Симптоми на ваквата зависност се опседнатост со играње на онлајн игри, нервоза и вознемиреност додека личноста не е поврзана на интернет, губење на интерес за друг вид на хоби, немоќност за ограничување на времето за играње, лажење на најблиските за времето поминато пред компјутер и слично.

Но, иако наjчесто се поврзува со играњето на онлајн игри, истражувањата покажале декакога постои зависност има и оштетување на делот од мозокот како при другите зависности, на пример од дрога или алкохол. Во истражувањето, научниците ги споредиле мозочните активности на 18 млади луѓе, зависни од интернет, со исто толку личности кои немале таква зависност. Се докажало дека, зависниците имаат намалена активност во области на мозокот кои се задолжени за емоциите, задржување на вниманието и когнитивните процеси.

Токсикологијата како наука се заснова на мислата на Парацелзус дека „Сите нешта се отровни и нема ништо без отров, само дозата прави разлика, а не отровот“. Оттука, препораките за умереност во се она што се прави или конзумира е најдобрата (само)заштита.