Почетна » Џет сет » Филм ТВ » Запознајте ја Моана, новата принцеза на Дизни (видео)

Запознајте ја Моана, новата принцеза на Дизни (видео)

Филм ТВ

Откако беше објавено дека новата принцеза на Дизни ќе биде полинезиска хероина, сите очекувања се дека оваа анимирана приказна ќе биде наредниот хит на ниво на „Frozen“.

На прекрасната Моана, за која гласот ќе го позајми хавајската актерка Аули Кравало, друштво ќе и прави полубогот Мауи, чиј лик е доверен на Двејн „Карпата“ Џонсон. Филмот е прекрасна авантура низ Пацификот, со епски океански патувања, антички легенди и тропски пејзажи кои ќе ве остават без здив.

Ако се уште не сте убедени, да спомнеме и дека музиката за филмот е на авторите на песните за „Кралот Лав“, а можете да го погледнете и трејлерот. Инаку, кино премиерата на „Моана“ е закажана на 23 ноември оваа година.