Почетна » Дива » Актуелно » Со законски измени до помал сообраќај и загадување

Со законски измени до помал сообраќај и загадување

Актуелно

Иако градоначалниот на Скопје, Коце Трајановски, кон средината на декември го презентираше Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на Скопскиот регион, повикувајќи се на факт дека 32% од загаденоста доаѓа од загревањето на домаќинствата, сепак медиумите пренесоа соопштение дека министерот за животна средина и здравје Башким Ахмети побарал законски измени и воведување на систем „пар / непар“ за движење на возилата низ Скопје.

Со цел да се воведат итни мерки кои ќе дадат резултат на кус рок, предложено е „воведување на сообраќаен режим со пар-непар возила и намалено користење на службените возила за 50 проценти од страна на државните и јавните институции“, чекор кој уследи по средбата на министерот Амети со претставници на граѓанските здруженија.

– Целта на оваа средба беше преку неформален дијалог со претставниците на невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика да се разгледаат и продискутираат конкретни, применливи мерки кои во краток временски период ќе дадат видливи резултати во намалување на загадувањето на воздухот“,- се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во претходно споменатиот план од Град Скопје се вели дека загадувањето од автомобили е во износ од 20%.