Почетна » Рецепти » Зимница » Вргањ во солило

Вргањ во солило

Зимница

Сигурно не сте се сетиле на ваква зимница. Добро звучи, па пробајте.

Потребно состојки:

1 кг вргањ

2 големи лажици сол

1 лимон

5 зрна црн пипер

3 ловорови листа

Начин на подготовка:

Исечете ги печурките на листови или поголеми парчиња, измијте ги и исушете ги. Загрејте 2 литри вода и додадете ги лажицата сол и сокот од лимон. Кога ќе зоврие водата додадете ги печурките и гответе 5 минути. Потоа процедете, ставете ги во тегли и додадете ги зрната црн пипер и ловоровите листови. Во друг сад зовријте еден литар вода со лажица сол. Кога водата ќе се излади прелијте ги печурките во теглите и затворете ги. Во загреана рерна, на ниска температура ставете ги теглите за убаво да се затворат.