Почетна » Семејство » Дом » Впечатлива декорација за вашата свечена трпеза (ВИДЕО)

Впечатлива декорација за вашата свечена трпеза (ВИДЕО)

Дом

Старо правило е дека човекот ужива со сите сетила, па токму затоа сите се трудиме да го направиме амбиентот околу нас попријатен и подопадлив.

Ова особено е важно во периодот на празниците, кога посветуваме големо внимание и на најмалите детали за кои сакаме да бидат во функција на создавање позитивна атмосфера. Овој пат ви предлагаме како да направите декорација во форма на елка од трпезните салфетки, без оглед дали станува збор за хартија или памучна крпа. Мошне е лесно, а впечатокот е величенствен!